Тепачка пред угостителски објект во Куманово: Приведени две лица

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово и Охрид биле приведени рано утринава поврзани со нарушување на јавен ред и мир со физичка пресметка.

Loading...

– На 17.02.2024 во 03.45 часот во СВР Куманово било пријавено  дека пред угостителски објект на улицата „Иво Лола Рибар” во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу неколку лица, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, во врска со настанот биле приведени Г.М.(23) од Куманово и А.П.(23) од с.Куратица, охридско.

– Се  преземаат мерки за расчистување на случајот, по што против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Ќе се врати ли дождот?

Никола Ивановски