Температурите пониски, од недела нов влажен бран

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 17, а дневната од 23 до 30 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време. Ќе дува умерен северен ветер, а масималната дневна температура ќе достигне 24 степени.

Заклучно 20 часот вчера најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, вкупно 22 литри на метар квадратен, а најмалку во Струмица само еден. Сепак во Преспанскиот регион беснееше силно невреме кое предизвика голема материјална штета.

Како што посочуваат синоптичарите, од денеска до сабота ќе преовладува стабилно и посвежо време со умерен северен ветер.

Во недела се очекува нов влажен бран со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.

Image by Johannes Plenio from Pixabay

Leave a Reply