Катастрофално невреме рушеше се пред себе во Преспа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Силно невреме со силен дожд и ветер вчера го преспанскиот регон. Од невремето, како што информираат од Центарот за управување со кризи, има паднати дрвја, бандери и во прекин е и електричната енергија.

Loading...

Во автокампот има паднати дрвја врз камп приколки и истите се оштетени. Луѓето кои престојувале во нив се згрижени кај соседите. Нема повредени.

– Од невремето зафатени се и селата Долно Дупени, Сливница и Љубојно. Во село Љубојно има паднати дрвја од кои има оштетена куќа и автомобил, а во село Наколец паднато дрво го препречило локалниот пат кон ова село. Сите овие села: Долно Дупени, Крани, Сливница, Претор, Љубојно, Наколец се без ел.енергија. На терен се испратени припадници на МВР ПС Ресен и ТППЕ – Ресен кои работат на расчистување на патот. Известени се ЕЛС – Ресен и останатите надлежни институции, велат од ЦУК.

Граѓаните од преспанскиот крај на социјалните мрежи објавија и снимки кои ја покажуваат јачината на невремето кое предизвика огромни штети.

https://www.facebook.com/jani.bojadzi/videos/10217187270265479/

фото: фејсбук принтскрин

Leave a Reply