Телевизијата во Северна Кореја одлучи да ги изненади гледачите

Сподели со своите пријатели

Државната телевизија на Северна Кореја ги изненади сите кога емитуваше вестив о кои за прв пат користеше млада водителка, 3Д графички содржини, т.н. тајм лапс снимка и анкетира луѓе на улицата.

Loading...

Ова е големо изненадување за сите со оглед дека KCTV, без оглед на напредокот на технологијата во светот, е позната по тоа што нема никакви модерни технолошки содржини, а во студиото веќе со години е еден ист водител кој само чита вести, додека зад него е слика од природа или сина боја.

Исто така, новинарите никогаш не излегувале на улиците и не ги снимале граѓаните, доколку тоа однапред не било договарано.

Модернизацијата траела само еден ден, а KCTV се вратила на старо.

Новата презентерка

Мартин Вилијамс, експерт за технологија во Северна Кореја, истакнува дека анализирајќи ги причините за сето тоа, дека KCTV службено нема конкуренција затоа што луѓето немаат кабелска или сателитска телевизија и поголемиот дел имаат само еден канал, но дека неслужбено имаат голема конкуренција.

– Доста информации пристигнуваат преку морето, а на УСБ стиоковите и СД картичките носат американски и кинески филмови. KCTV сфатила дека мора да воведе иновации и да биде поинтересна ако сака да го задржи вниманието на народот на Северна Кореја, рекол Вилијамс, а пренесува ВВС.

Loading...

Се забележува и дека на KCTV станале поажурни во известувањето. Ако претходно за објава на некоја вест им требале два дена, сега тоа го прават истиот ден кога се одржува настанот. Еден од примерите е патувањето на Ким Џонг Ун во Виетнам за средбата со Доналд Трамп.

– Тоа беше целосно неочекувано за оваа телевизија и претпоставувам дека причината е тоа што се повеќе луѓе слушаат странски радио станици па Северна Кореја мора да излезе од своите граници и да има свои ставови за случувањата пред тие да дојдат до граѓаните преку други канали, смета Вилијамс.

За време на самитот Ким – Трамп обичните луѓе биле во фокусот наместо досегашната пракса која била во фокусот на идеологијата. Така KCTV известувала за жените во козметички фабрики, студенти кои покажуваат нови мобилни телефони и персонал во пицерија.

Leave a Reply