Тајзи со песна, испраќа апел: Ве повикувам на МИР, сите!!! (видео)

Сподели со своите пријатели

Со песнава изразувам револт кон сè што ни се случува последниве 25 години.

Loading...

Со овие зборови, кумановскиот рапер Тајзи ја најави новата песна ”Гласот на народот”…

Еве што напиша Тајзи на својот Фејсбук профил:

”Срам да ви e! И на едните и на другите! Вака ли сакате децата да ни растат? Во страв, омраза и поделби? Не се криви тие што избегаа…всушност и уште ќе бегаат ако продолжите вака!? Веќе со години на медиумите не сме слушнале македонска музика, само политика и серии за перење на мозоци!

Истовремено, ве повикувам на МИР, сите! Не нè родила мајка за да умреме од куршуми. Што ако завиеме илјадници фамилии во црнило, зарем тоа ни носи некаков успех? Да ви се мочам у национализмот ако останеме без брат, татко, другар…

Ајде да се бориме за нови патишта, за подобро образование, за соживот, за помали казни и даноци, за слобода на говор, за поздрава храна, за нови вработувања на младите, за поголеми плати, за нови успеси во спортот…пред сè, да се бориме за подобро утре за сите нас!

Сакам да плачам , но од среќа гледајќи ве соединети и сложни.

Почивајте во мир браќа.

Чувај нè и нас боже, ни требаш доле!!!

 

 

Leave a Reply