Тајни друштва кои владеат со светот: Овие познати личности биле дел од нив

Сподели со своите пријатели

Привлачноста на овие друштва лежи на половина пат помеѓу нивната мистериозност и легенда, која ја заведуваше љубопитноста на умовите со генерации.

Loading...

Историјата сведочи за постоењето на тајни друштва кои постоеле со векови, а меѓу нивните членови биле најважните поединци во своето време, како што се разни европски монарси, како и државници кои ги основале САД, познати и како Татковци основачи.

Теориите на заговор се неопходен дел од митовите што ги карактеризираат овие општества, така што, на пример, Илуминатите се поврзани со избувнувањето на Француската револуција и атентатот врз американскиот претседател Џnон Ф. Кенеди.

Четири такви организации се издвојуваат за нивната претпоставена моќ и влијание.

Еве што знаеме со сигурност за нив од историска гледна точка.

Витези Темплари

Витезите Темплари биле воини посветени на заштита на верниците кои се движеле кон Светата земја за време на Крстоносните војни.

Овој воен ред е основан од францускиот витез Иг де Пејен во 1118 година под името Орден на сиромашните витези на Христос и Храмот на Соломон, со седиште во Храмска гора, Ерусалим.

Loading...

Нивните членови зеле завет на доживотна чедност, послушност и аскетизам и се откажале од коцкање, алкохол и пцуење.

Печатот на Темпларите, со двајца витези на еден коњ како симбол на нивната сиромаштија.

Со текот на времето, тие станаа најмоќната и најголемата воена моќ во Европа, формирајќи банка што им дозволуваше на аџиите да ги приложат своите имоти додека се наоѓаат во татковината, а потоа да го откупат кога ќе пристигнат во Светата земја.

Папскиот бул на папата Инокентиј II 1139 го зајакна нивното влијание, и тие веќе не мораа да плаќаат даноци и беа одговорни единствено пред Светата Столица.

Во екот на нивната моќ, тие го поседуваа островот Кипар, флота бродови и им позајмија пари на кралевите, од кои некои ги презираа.

По завршувањето на Крстоносните војни, тие се вратиле во Париз, каде се фокусирале на банкарството.

На 13 октомври 1307 година, кралот Чарлс IV од Франција уапсил неколку витези и ги подложил на тортура, откако одбиле да му издадат уште еден заем на пари. Принудени на тортура, витезите дале лажни изјави за сопствената хомосексуалност и ерес, а во 1309 година, десетици Темплари биле запалени пред очите на Парижаните за нивните наводни злосторства.

Loading...

Под притисок на француската круна, папата Климент V во 1312 година официјално го укина витешкиот ред и ги подели нивните имоти.

Првото седиште на Темпларите

Како што одминуваше времето, се појавија гласини дека витезите Темплари ги чувале христијанските мошти, како што е Светиот Грал или Туринскиот покров. Овие теории на заговор се овековечени во книгата на Дан Браун Кодот на Да Винчи.

Слободно ѕидарство – Масонерија

Масонеријата е вткаена во таписеријата на американската историја. Тринаесет од 39 потписници на Уставот на САД биле Масони – Џорџ Вашингтон, Џејмс Монро, Бенџамин Френклин, Џон Хенкок и Пол Ревер, меѓу најзначајните.

Потеклото на самите масони датира од средниот век, каде што сите занаетчии во Европа имале свои енсафи. Поради нивната работа, градителите на катедралите често патувале од едно до друго место, препознавајќи ги сега познатите симболи – агломер и шестар.

Дали масоните влијаеле врз истрагата за Титаник? Нови докази за потонувањето на бродот!

Loading...

За прв пат се споменуваат во 1390 година во еден запис, но редот како таков е основан во 1717 година, кога во Лондон четири одделни ложи формирале една Гранд Ложа на Англија.

Масонеријата бргу се шири низ цела Европа и во американските колонии.

Медал издаден од страна на масонската ложа “Вистина – La Verite” од Скопје, која е под обединенција на Великиот Ориент на Франција.

Масонството не е религија, иако членовите се охрабруваат да веруваат во Врховно битие, познато и како Возвишен градител на универзумот.

Поради нивните тајни ритуали, тие влегле во судир со Католичката црква, која ги осуди со низа декрети, почнувајќи од 1738 година. Своите декрети црквата ги повлекува во 1985 година, поради големиот број на католици што се приклучени на масонскиот поредок.

Loading...

ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР: Аеродром кој е тајно место за масоните и слугите на ѓаволот (ВИДЕО)

Тајноста на Масонеријата исто така им влејала на американските граѓани недоверба, па своевремено е формирана антимасонска политичка партија.

Масоните сè уште постојат и денес. Тие не регрутираат потенцијални членови, туку тие самите им приоѓаат, што е основата на нивното мото, „Сè што треба е да прашаш.“

На нив може да им пристапи секој човек кој има 21 година, доколку биде прифатен, се разбира. За жените е отворен пристап до сродното здружение наречено „Редот на источната ѕвезда“.

Кои биле најпознатите масони низ историјата?

Loading...

Меѓу познатите имиња на масонството се Волфганг Амадеус Моцарт, Винстон Черчил, Френклин Делано Рузвелт и актерот Џон Вејн.

Илуминати

Илуминатите ги основал професорот Адам Вајсхаупт на 1 мај 1776 година во Баварија, во обид да ја уништи моќта на конзервативната католичка црква и баварската монархија.

Идејата била да се стави настрана организираната религија преку нова гранка на просветителството претставена во Европа.

13 „Илуминати“ семејства кои го контролираат светот

Loading...

Вајсхаупт бил инспириран, меѓу другото, од учењето на Исусовците, седумте мудреци, Кабала и најмногу од Масоните. Тој се обидел да ги инфилтрира нивните редови и да регрутира што е можно повеќе богати членови.

Членовите на „Баварските илуминати“ биле познати како „Усовршени“ (лат. Perfectibilis).

Тие се поделени во три прстени врз основа на нивната растечка моќ, а им се придружувале и членови на тогашната социјална елита и благородништво, како Јохан Волфганг фон Гете, филозофот Јохан Готфрид фон Хердер и војвода Фердинанд од Брунсвик.

КАРТИ НА ИЛУМИНАТИТЕ: Уште во 1995. откриле рушење на кулите близначки, Фукушима… (фото+видео)

Комуникацијата меѓу членовите била шифрирана, а секој носел прекар инспириран од антиката.

На пример, Вајсхаупт бил познат како Спартак.

Loading...

Image by Michael Knoll from Pixabay

Силата и влијанието на Илуминатите растеле сè додека Карл Теодор, кнез избран од Баварија, не им дошол преку галва издавајќи декрет во 1787 година, за казнување со смрт меѓу Илуминатите.

Нема докази дека ова тајно друштво опстанало до ден денес, но тоа не спречило раѓање на филозофска митологија за нив, па затоа постојат теории дека тие го испровоцирале избувнувањето на Француската револуција и атентатот врз американскиот претседател Џон Кенеди.

Поранешен член на Илуминати зборува за Путин, Садам Хусеин, тајните бункери… (видео)

Loading...

Илуминатите беа инспирација за Дан Браун за неговата книга „Ангели и демони“, како и Умберто Еко за „Нишалото на Фуко“.

Черепи и коски – Братство на смртта

Овој таен ред е основан на универзитетот Јеил во САД во 1832 година. Основан е од Вилијам Хантингтон Расел, кој бил инспириран од окултни општества во Германија.

Нејзин ко-основач е Алфонцо Тафт, иден државен секретар на американскиот претседател Јулисиз С. Грант, кој исто така ќе им се придружи.

Неколку американски претседатели се приклучиле на братството заедно со него.

Тајното друштво „Комитет 300“: Одлучуваат за судбината на целиот свет и имаат 21 цел (видео)

Секоја година, 15 апсолвенти во Јеил се регрутираат да се приклучат на друштвото „Череп и коски“. Иако нивните имиња се јавно објавени, не е познато што се случува на состаноците на ова друштво во просторијата без прозорец наречена Гробница.

Овие состаноци се инаку организирани на на секои две недели. Секој член на братството се заколнува на тајност.

Членовите се познати како патријарси, додека оние кои штотуку ја поминуваат иницијацијата се витези. Луѓето надвор од оваа друштво се нарекуваат варвари.

Добро познати членови на оваа тајно друштво се претседателите Вилијам Хауард Тафт, Џорџ Х. В. Буш, основачот на списанието „Тајмс“ Хенри Лус, поранешен државен секретар на САД и кандидат за претседател Џон Кери, и многу други моќници и членови на ЦИА.

Во своето контроверзно излагање „America’s Secret Establishment“, Ентони Сатон, економист, историчар и писател, вели дека Братството на смртта имало намера да го заведе Новиот светски поредок, повикувајќи се на бројни теории на заговор.

Leave a Reply