Без струја денеска и утре повеќе населени места низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Делови од Куманово и околината денеска и утре привремено ќе остануваат без напојување со електрична енергија.

Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 08:30 до 14:00 часот прекини ќе има кај дел од објектите околу кланицата во селото Доброшане.

Прекини ќе има и на улиците „Трајко Јовановски“ и „11 Ноември“ во период од 09:00 до 15:00 часот.

Без струја дебесја во период од 08:30 до 15:00 часот, ќе бидат селата Војник, Клечовце, Зубовце, Новосељане, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, Кокошиње, К’шање, Скачковце, Колитско, Габреш, Кучкарево, Орман, Градиште и селото Стрезовце.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  37-годишна кумановка нападната од нејзиниот партнер

Од 10:30 до 12:00 часот утре струја ќе нема и на локациите Бејтови ниви, населбата Иго Тричковиќ, село Тромеѓа, село Младо Нагоричане, како и м.в. Баремов цвет и Мајорово трло.

Утре повторно без струја ќе бидат улиците „Трајко Јовановски“ и „11 Ноември“ во период од 07:00 до 15:00 часот.

Прекини утре во период од 09:00 до 15:00 часот ќе има и на улиците „524“, „525“, „526“, дел од улицата „300“ (од Бара до магистрала).

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски