Поранешен член на Илуминати зборува за Путин, Садам Хусеин, тајните бункери… (видео)

Сподели со своите пријатели

Илуминатите со години се меѓу главните теми на теоретичарите на заговор ширум светот, а деновиве американските медиуми на големо ја пренсуваат „приказната“ на еден нивен член кој што решил да открие некои работи.

Овој пат, можеби за прв пат ја добиваме вистинската слика за она што се случува внатре во тајното друштво после сведочењето на еден нивен поранешен член за американските медиуми.

Некогашниот, наводен член на Илуминатите тврди дека бил регрутиран кога имал само 19 години, но после еден состанок, тој вели дека едноставно морал да побегне од организацијата. Како што вели, член на Илуминатите бил 47 години.

Тој тврди дека актуелниот претседател на САД, Барак Обама е член на Илуминатите и нагласува дека светските лидери се подготвуваат Третата светска војна да ја дочекаат во своите специјално направени бункери. Како што вели тој, еден од најголемите бункери се наоѓал под аеродромот во американскиот град Денвер.

„Ширум светот постојат вкупно 439 бункери. Сите нив, како и базите се контролирани од Илуминатите. Најголем дел од нив се наоѓаат во Сао Пауло во Бразил. Во еден од бункрите таму можат да се сокријат 5 илјади луѓе и таму да престојуваат цели 10 години“, вели тој и додава:

„Лично бев во тој бункер и тој е поголем од било што можете да замислите. Во бункерот е предвидено да ги смести најбогатите 5 илјади луѓе, најпаметните и најмоќните луѓе на светот кои што во бункерот би биле заштитени од термонуклеарна војна, природни или било какви други глобални катастрофи“.

Loading...

Според неговите зборови, клучните личности од историјата како што се Леон Троцки, Абрахам Линколн и Садам Хусеин, престојувале во тој бункер за време на големите конфликти.

iluminati-bunker-tocka-2016-02

Уште една од неговите теории е дека има поставен ХААРП систем под Тихиот океан, кој се разликува од тој кој што досега ѝ е познт на јавноста и се разликува неговата технологија, а истиот се користи за контрола на времето.

Според него, претседателот на Русија, Владимир Путин исто така бил член на Илуминатите и бил поставен да владее со Азија.

И додека едни тврдат дека станува збор кој што сака да го привлече вниманието врз себе и да стане познат, теоретичарите на заговор тврдат дека постојат податоци кои што покажуваат дека некои од изнесените работи се точни.