Кумановскиот театар со маестрална изведба го отвори МТФ „Денови на комедија“ (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Со маестрална премиерна изведба на претставата „Смрт на погребот“, Театар Куманово вчеравечер го отвори 29. издание од Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“.

Кумановската публика имаше можност да ужива во маестралната изведба, исполнета со хумор, динамика и низа комични ситуации кои предизвикаа искрено смеење и одлична атмосфера во салата.

 

 

Како што истакна директорката на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Јоана Сарафимовска, претставата беше целосно распродадена, а при крај се и билетите за останатите девет кои ќе се играат на годнешното издание.

– За прв пат оваа година кумановската претстава го отвора фестивалот „Денови на комедија“, со „Смрт на погребот“ во режија на Ненад Витанов, очекуваме голема посетеност, ја очекуваме кумановската публика и ја покануваме сите вечери да се насмееме. Денеска се сите распродадени, од утре има уште по некоја карта останато. Салата има 650 места, денеска се сите пополнети, се надеваме дека така ќе биде и во следните вечери, изјави Сарафимовска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со нож се заканувал на својата сопруга

 

 

Претставата „Смрт на погребот“ наиде на одличен прием кај кумановската публика, а режисерот Ненад Витанов вели дека е задоволство секогаш кога публиката ќе се смее.

– По втор пат го отворам фестивалот и задоволство е секогаш кога публиката се смее, аплаудира и ужива во претставата. Следуваат репризи, гостувања на претставата и очекуваме што поголем број гледачи да ја погледнат и уживаат во неа, изјави Витанов.

 

 

Актерот Марко Трајковиќ е задоволен од изведбата, која е динамична и нуди интеракција со публиката.

– Секоја изведба ќе биде различна. Претставата е интерактивна, го кршиме четвртиот ѕид, влегуваме долу во публика, самиот концепт го дозволува тоа, но тоа секогаш е и игра на ризик, на „Денови на комедија“ имаме таква публика, но и сие кои ги качивме на сцена беа актери, тоа нема сигурно да биде така на репризите и каде и да одиме на страна секогаш ќе има нешто ново во претставата, истакна Трајковиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска и утре повеќе населени места низ Куманово

 

 

Задоволството од аплаузот и реакциите не го криеше и актерот Никица Јанковски, кој вели дека кумановската публика е нешто посебно.

– Кумановци „пукнаа од смеење“. Аплаузи на отворени сцени, смеење до солзи. Со Ненад втор пат работа, со оваа екипа со мали некои измени веќе кумановската публика ја знае, и самите забележавте навистина имаше непрестано смеење. Сум присуствувал и на други претстави, и кога играм и кога не играм, навистина кумановската публика е нешто посебно, истакна Јанковски.

 

 

Освен нив, во претставата играат и Жарко Јовановиќ, Александра Михајловска Величковски, Владо Дојчиноски, Дубравка Киселички, Горан Илиќ, Давид Илиќ, Анастасија Трајковиќ и Мирослав Петковиќ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со спорт против насилство и девијантни појави, нова кампањата на СВР Куманово (ФОТО)

 

 

По завршувањето на фестивалот, претставата повторно ќе се најде на репертоарот на Театар Куманово за сите кои вчеравечер не може да дојдат до билети.

 

 

Вечерва, фестивалската програма продолжува со претставата „Степаника“ од Народно позориште „Источно Сарајево“, Босна и Херцеговина.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски