Под влијание на циклонска активност времето утре ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат во текот на ноќта и во сабота претпладне.
Наместа врнежите ќе бидат пообилни и се очекува да наврнат над 30 l/m² воден талог, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска низ Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 26 степени.
Никола Ивановски

