Во Куманово денеска беше реализиран спортски настан под мотото „Спорт ДА – Дрога НЕ“, организиран од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи, а со поддршка од Општинскиот совет за превенција.

Целта на настанот, како што истакна М-р Лиле Младеновска, началник на Отсекот за превенција, е да се поттикнат младите своето слободно време да го поминуваат во спорт, дружење и позитивни активности.

– Целта е да се поттикнат младите своето време да го поминуваат во спорт, дружење,почитување на другите, без насилства, насилно однесување и појава на девијантни однесување, истакна Младеновска.

Домаќин на спортскиот настан беше ООУ „Карпош“ од село Умин Дол, а учествуваа три спортски екипи во мешан состав.

На учениците, училиштето, менторите и директорот им беа доделени благодарници како признание за поддршката на проектот.

Никола Ивановски

