САД (Page 340)

Соединетите Американски Држави — скратено САД, е сојузна уставна република која се состои од педесет држави и една федерална област.

Земјата главно се протега во централниот дел на Северна Америка, каде, помеѓу Тихиот и Атлантскиот океан, има четириесет и осум сојузни држави и федералниот округ со главен град Вашингтон.

Овој континентален дел се граничи со Канада на север и Мексико на југ. Сојузната држава Алјаска се наоѓа на северозапад од континентот и се граничи со Канада на исток и со Руската Федерација на запад, преку Беринговиот Теснец, додека сојузната држава Хаваи се наоѓа во Тихиот Океан.

Соединетите Држави поседуваат и неколку островски територии расфрлани низ Карибите и Пацификот.

Во продолжение сите вести поврзани со САД.

Сподели со своите пријатели

Иран денеска ги обвини САД дека и се закануваат на Русија со ново нуклеарно оружје, откако Вашингтон во петок објави документ со планови за ширење на своите нуклеарни можности. – Американците бессрамно и се закануваат на Русија со ново нуклеарно оружје, рекол претседателот на Иран, Хасан Рохани, пренесува агенцијата Ројтерс.Прочитај повеќе