Иран: Американците бессрамно и се закануваат на Русија

Сподели со своите пријатели

Иран денеска ги обвини САД дека и се закануваат на Русија со ново нуклеарно оружје, откако Вашингтон во петок објави документ со планови за ширење на своите нуклеарни можности.

– Американците бессрамно и се закануваат на Русија со ново нуклеарно оружје, рекол претседателот на Иран, Хасан Рохани, пренесува агенцијата Ројтерс.

Рохани во телевизиско обраќање истакна дека истите луѓе кои наводно веруваат дека употребата на оружје за масовно уништување претставува злочин против човештвото зборуваат за ново оружје за да се заканат или да го употребат против ривалот.

Претходно министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зариф предупреди дека документот за нова стратегија на американската политика е ризик кој може да го доведе човештвото поблиску до уништување.

Американската војска, во новата национална одбранбена стратегија, како противници ги означи Кина и Русија. Со тоа приротетите ги помери од борбата против исламистичките екстремисти, наведува британската агенција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Leave a Reply