Војна во Украина (Page 739)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави денеска дека преговорите со Русија се единствената опција за неговата земја, иако, како што рече, преговорите сега се „предизвик“. Коментирајќи ја кризата во Украина на националната телевизија, Зеленски оцени дека постои можност тој и рускиот претседател Владимир Путин лично да не разговараат, пренесува Ројтерс.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден побара да се покрене постапка за воени злосторства против рускиот претседател Владимир Путин, откако беа откриени масовни гробници и тела на цивили во украинскиот град Буча. Сепак, доведувањето на рускиот претседател пред суд би можело да биде далеку од едноставно, пишува Гардијан.   Русија ја повикаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Европската унија најверојатно утре ќе усвои нов пакет санкции на ЕУ против Русија, по извештајот за убиствата на цивили на северот на Украина од страна на руските сили, изјави францускиот министер за европски прашања, Клемент Бо. „Веројатно утре ќе бидат усвоени нови санкции“, изјави Бо во денешното интервју за радиоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Еден од најблиските сојузници на Владимир Путин рече дека тврдењата дека руските сили егзекутирале цивили во Буча се лаги и пропаганда на Украина и Западот и дека тие имале за цел да ја дискредитираат Русија. „Тоа се лаги кои созреаа во циничната имагинација на украинската пропаганда“, рече Дмитриј Медведев, којПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Мртвите тела на цивили во Буча лежат на улиците со недели, и покрај тврдењата на руската војска дека убиствата се случиле откако нивните војници го напуштиле градот, пишува Њујорк Тајмс. Анализата на сателитски снимки пред и по од страна на Њујорк Тајмс покажа дека некои од жртвите биле убиени предПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во своето обраќање до нацијата, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, рече дека најверојатно нема да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин. Зеленски рече дека прашањето не е дали ќе има преговори, туку „колку некој е силен на преговарачката маса“.     Франција ќе протера 35 руски дипломати  Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Државната дума на Русија, Вјачеслав Володин оцени дека настаните во украинскиот град Буча се провокација чија цел е дискредитација на Русија. „Ситуацијата во Буча е провокација со цел да се дискредитира Русија. Тоа што се случи беше инсценирано. Претставата е наменета за западната публика“, напиша Володин на Телеграм.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинецот Алекс Дајрабеков побегнал од Буча кога почнала војната, но останал во контакт со луѓето таму, пишува Би-Би-Си. Тој го документирал она што се случува во градот на социјалните мрежи, надевајќи се дека тоа ќе послужи како доказ во подоцнежните кривични судења.   Британците ги провериле руските наводи за фалсификувањеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американските власти треба да престанат да му доставуваат оружје на режимот во Киев, бидејќи тоа придонесува за зголемување на бројот на жртвите, се наведува во соопштението на руската амбасада во САД. Соопштението на руската амбасада всушност е реакција на изјавите на американската потсекретарка за контрола на вооружувањето и меѓународна безбедностПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Најновата мапа на Британија објавена во понеделник попладне покажува огромни промени од претходните мапи на Британија. Британското Министерство за одбрана, кое од почетокот на војната во Украина секојдневно објавува мапа на состојбата на бојното поле, означи големи области околу Киев како ослободени. Украина во текот на викендот објави дека ослободилаПрочитај повеќе