Медведев за масакрот во Буча: Ги измислија овие лаги за огромни пари

Сподели со своите пријатели

Еден од најблиските сојузници на Владимир Путин рече дека тврдењата дека руските сили егзекутирале цивили во Буча се лаги и пропаганда на Украина и Западот и дека тие имале за цел да ја дискредитираат Русија.

Loading...

„Тоа се лаги кои созреаа во циничната имагинација на украинската пропаганда“, рече Дмитриј Медведев, кој беше претседател од 2008 до 2012 година, а сега е заменик секретар на Советот за безбедност на Русија.

 

Велика Британија објави нова мапа на руски напади

 

„Тие лаги се измислени за огромни суми пари“, рече Медведев.

Претходно, претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Вјачеслав Володин изјави: „Ситуацијата во Буча е провокација со цел да се дискредитира Русија. Вашингтон и Брисел се сценаристи и режисери, а Киев се актери. Нема факти – само лаги“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обновливите извори сочинуваат над 30% од производството на електрична енергија во светот

Ниту еден од нив не обезбеди никаков доказ за да ги потврди нивните тврдења.

Loading...

 

Русија ја повика Америка да престане да ја вооружува Украина