Војна во Украина (Page 511)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Проруските сепаратисти во источна Украина тврдат дека најмалку 40 украински борци заробени за време на падот на Мариупол биле убиени во украинското гранатирање на затвор. Loading… Данил Безсонов, портпарол на проруските сепаратисти во регионот на Доњецк, изјави дека најмалку 40 украински воени заробеници загинале, а 130 се повредени кога украинскиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Застрашувачка снимка, која се појави на социјалните мрежи во четвртокот, наводно прикажува еден украински затвореник како е кастриран од руски војници, пишуваат западните медиуми. Loading… Западните медиуми не можеа да ја утврдат автентичноста на видеото, но наведуваат дека е објавено на проруски канал на Телеграм, а потоа почнало да сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Најмалку 40 лица загинаа, а 130 се ранети кога украинските вооружени сили го гранатираа затворот во Јеленовка во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДПР), каде што се чуваат украинските воени затвореници, изјави Данил Безсонов, првиот заменик министер за Информации на ДПР, објавени денеска. Loading… Безсонов на Телеграм изјави дека украинските сили,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Олександар Сиенкиевич, градоначалникот на Миколаев, на својот канал на Телеграм објави дека руски касетни бомби паднале во една од населбите во тој град. Loading… „Има жртви, брзата помош пристигна“, рече Сиенкиевич и ги повика жителите да останат во засолништата. Овие тврдења не се независно потврдени. Сите информации поврзани со најновитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Русија го прифати американското барање за разговори меѓу американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс. Loading… Тој рече дека Вашингтон сѐ уште очекува разговорите да се одржат во наредните денови, објави Ројтерс. Блинкен рече дека ќеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Според Светската програма за храна на Обединетите нации, 345 милиони луѓе во моментов се во опасност од глад. Loading… Цените на житото, кои експлодираа од февруари оваа година, најверојатно дополнително ќе го зголемат бројот на погодените. Западните земји ја гледаат воената стратегија на Кремљ како главна причина за кризата, додекаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Првиот брод со жито може да го напушти пристаништето Одеса во текот на денот, изјавиl информиран извор за агенцијата РИА Новости. Loading… Денеска е планирано, доколку нема виша сила“, вели изворот, не прецизирајќи што би можело да се подразбира под „виша сила“. На 22 јули, претставниците на Русија, Украина, ТурцијаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Новинската агенција Ројтерс ги објави резултатите од големата истрага за плановите на Владимир Путин да ја освои Украина. Loading… Тие објавија докази дека долго пред почетокот на инвазијата, Кремљ започнал операција за вметнување на своите тајни агенти во државниот апарат на Украина. Путин мислел дека ќе му требаат неколку денаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американскиот Сенат, Горниот дом на Конгресот, едногласно ја одобри необврзувачката резолуција со која се повикува американскиот државен секретар Ентони Блинкен да ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“ за нејзините дејствија во Украина, Чеченија, Грузија и Сирија, пишува Њујорк Тајмс. Loading… Во резолуцијата, усвоена во средата, се тврди декаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Состојбата во Украина покажува дека санкциите против Русија не функционираат толку брзо како што се надеваше Европската унија, потребно е време, изјави во четвртокот австрискиот канцелар Карл Нојхамер и посочи дека Австрија отсекогаш се залагала дека економските ограничувања носат поголема штета на оние на кои им се наметнуваат отколку наПрочитај повеќе