Војна во Украина (Page 282)

На 24 февруари 2022 година, Русија започна голема инвазија на Украина, означувајќи голема ескалација на тековната Руско-украинска војна.

Инвазијата започна утрото на 24 февруари, кога Путин најави „специјална воена операција“ за „демилитаризација и денацизирање“ на Украина.

Неколку минути подоцна, проектили и воздушни напади ја погодија цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Следеше голема копнена инвазија од повеќе правци.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски донесе воена состојба и општа мобилизација на сите машки украински државјани меѓу 18 и 60 години. Ним им беше забрането да ја напуштат земјата.

Руските напади првично беа започнати на северниот фронт од Белорусија кон Киев. Северо-источниот фронт кон Харков, јужниот фронт од Крим и југоисточниот фронт од Луганск и Доњецк.

Во текот на март, руското напредување кон Киев запре. Поради големите загуби и силниот украински отпор, руските трупи се повлекоа од Киевската област до 3 април.

На 19 април, Русија започна обновен напад на Донбас, кој се одвива многу бавно. Луганската област беше целосно заземена до 3 јули, додека другите фронтови останаа главно неподвижни.

Во исто време, руските сили продолжија да бомбардираат и воени и цивилни цели далеку од линијата на фронтот. Меѓу нив и Киев, Лавов, Серхиивка во близина на Одеса и Кременчук.

На 20 јули, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објави дека Русија ќе одговори на зголемената воена помош што Украина ја добива од странство како оправдување на проширувањето на фронтот за „специјални операции“ за да вклучи воени цели и во Запорожската област и во Херсонската област надвор од оригинални цели на областите на регионот Донбас.

Во продолжение последните вести поврзани со Руско-украинска војна.

Сподели со своите пријатели

Групата седум (Г7) во вторникот ја повика Кина да изврши притисок врз Русија да ја запре агресијата врз Украина, откако министрите за надворешни работи на блокот се состанаа на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации и издадоа заедничка изјава, пренесува Ројтерс. Во соопштението објавено од Министерството за надворешни работиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и првата дама Олена Зеленска потврдија дека слетале во САД пред Генералното собрание на ОН и нивната посета на Вашингтон. Во објавата на Х, Зеленски потврди дека ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден и лидерите на Конгресот и воени и деловни претставници. Еден одПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Постојат силни докази дека ракетниот напад врз Костјантиновка, во источна Украина, во кој загинаа 15 цивили, бил грешка на украинската противвоздушна одбрана, а не руски напад, тврди Њујорк Тајмс. Доказите собрани и анализирани од американскиот весник, кои вклучуваат ракетни делови, сателитски снимки, изјави на сведоци и објави на социјалните мрежи,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Вдовицата на Евгениј Пригожин, поранешниот лидер на Вагнерците, кој минатиот месец го загуби животот во авионска несреќа, официјално го смени презимето. Системот SPARK забележа дека Љубов Пригожина сега се вика Љубов Валентиновна Кријажева, пренесува рускиот медиум Фонтанка. Системот добил информација за промена на презимето на 15 септември, иако нема информацииПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинската служба за безбедност (СБУ) и Јавното обвинителство по истрагата поднесоа обвинение против пратеник во украинскиот парламент за велепредавство. Врз основа на наодите од истрагата, претставникот Нестор Шуфрич беше обвинет за антиукраински активности, кои вклучуваат „поткопување на информативниот простор“. Шуфрич е обвинет за тесна соработка и извршување на упатствата наПрочитај повеќе

brown and white concrete building

Сподели со своите пријатели

Русија денеска го повика највисокиот суд на ОН во Хаг да го отфрли случајот заснован на тврдењата на Москва дека нејзината инвазија на Украина била извршена за да се спречи геноцид. Барањето беше поднесено на почетокот на сослушувањето кое се занимаваше со јурисдикцијата на Меѓународниот суд на правдата (МСП), познатПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во интервју за Блумберг призна дека причините поради кои Берлин треба да ја поддржи Украина не се очигледни за многу Германци. – Многу луѓе во САД го поставуваат прашањето: „Украина е доста далеку од нас, зошто ни е важно?“ Ова не важи самоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украина планира да ги тужи Полска, Унгарија и Словачка поради нивната забрана за увоз на украински земјоделски производи. Претставникот на Украинската стопанска комора, Тарас Качка, во интервју за Политико изјави дека Киев ќе воведе и реципрочни мерки кон Полска доколку Варшава не ги прекине дополнителните мерки, наведувајќи го како примерПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинската заменичка министерка за одбрана Хана Маљар е разрешена од функцијата, заедно со уште пет други функционери, потврди украинската влада. Маљар беше истакната личност за време на инвазијата на Украина, објавувајќи дневни ажурирања за напредокот на земјата на линијата на фронтот. Заедно со неа беа сменети уште пет функционери коиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Русија изведе нов бран воздушни напади и гранатирање во Украина во текот на ноќта, при што загинаа две лица во јужниот регион Херсон, соопштија украинските власти. Гувернерот на областа Херсон, Олександр Прокудин, изјави дека во рускиот напад врз регионот загинале 72-годишен маж и една постара жена, а дека се ранетиПрочитај повеќе