Руски медиуми: Вдовицата на Пригожин го врати моминското презиме

Сподели со своите пријатели

Вдовицата на Евгениј Пригожин, поранешниот лидер на Вагнерците, кој минатиот месец го загуби животот во авионска несреќа, официјално го смени презимето.

Loading...

Системот SPARK забележа дека Љубов Пригожина сега се вика Љубов Валентиновна Кријажева, пренесува рускиот медиум Фонтанка.

Системот добил информација за промена на презимето на 15 септември, иако нема информации кога се случила промената.

Руските медиуми наведуваат дека тоа е моминското презиме на вдовицата на Пригожин.

Поранешниот началник на платеници остана со две ќерки и еден син, но не се знае дали тие го промениле презимето.

Инаку, Љубов Пригожина е фармацевт и воедно сопственик на Агата ДОО.

 

Loading...