Украина планира да ги тужи Полска, Унгарија и Словачка

Сподели со своите пријатели

Украина планира да ги тужи Полска, Унгарија и Словачка поради нивната забрана за увоз на украински земјоделски производи.

Loading...

Претставникот на Украинската стопанска комора, Тарас Качка, во интервју за Политико изјави дека Киев ќе воведе и реципрочни мерки кон Полска доколку Варшава не ги прекине дополнителните мерки, наведувајќи го како пример дека Киев ќе забрани увоз на овошје и зеленчук од Полска.

Киев планира да ги тужи трите земји во Светската трговска организација, наместо врз основа на сопствен трговски договор со ЕУ.

– Мислам дека целиот свет треба да види како членките на ЕУ се однесуваат кон своите трговски партнери и кон сопствената Унија, бидејќи тоа може да влијае и на другите земји – рече украинскиот функционер.

Европската комисија (ЕК) претходно ги повика Полска, Унгарија и Словачка да бидат конструктивни откако најавија дека еднострано ќе го продолжат ембаргото за увоз на жито од Украина и покрај одлуката на ЕК да ја укине забраната.

Додека Словачка едноставно ја продолжи претходната забрана на ЕУ за четири видови жито, Полска воведе дополнителни забрани за украинското брашно и добиточната храна во текот на викендот.

Унгарија, рече Качка, оди уште подалеку и забранува дополнителни 25 производи за кои претходно не се разговараше, вклучително и месото.

– Овие самоволни забрани се смешни – рече Качка.

Loading...