Русија (Page 6)

Русија официјално Руска Федерација, е полупретседателска федерална република лоцирана во Источна Европа и Северна Азија.

Со површина од 17.125.187 km², Русија е најголемата земја во светот со речиси двојно поголема територија од Канада. Се граничи со 18 држави.

Таа е на деветтото место во светот според населението со околу 146 милиони. Официјален јазик е рускиот, а главен град и најголем град е Москва.

Според Уставот на Русија, земјата е федерација и полупретседателска република, каде претседателот е шеф на државата а премиерот е на чело на владата.

Руската Федерација се дели на 85 федерални субјекти (составни единици), 22 од нив се републики. Републиките се територии со неруско население. Локалните етнички групи се нарекуваат „титуларни националности“.

  1. Адигеја
  2. Алтај
  3. Башкортостан
  4. Бурјатија
  5. Дагестан
  6. Ингушетија
  7. Кабардино-Балкарија
8. Калмикија
9. Карачаево-Черкесија
10. Карелија
11. Коми
12. Мариј Ел
13. Мордовија
14. Јакутија
15. Северна Осетија-Аланија
16. Татарстан
17. Тува
18. Удмуртија
19. Хакасија
20. Чеченија
21. Чувашија
22. Крим

Во продолжение сите вести поврзани со Русија.

Сподели со своите пријатели

Унгарија и Русија треба да работат заедно и да се спротивстават на надворешниот притисок, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на седницата на меѓувладината комисија за економска соработка во Москва. Тој рече дека двете земји донесуваат одлуки во согласност со своите национални интереси и дека разговорите меѓу претседателотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејската војска соопшти дека кренала борбени авиони во вторник, додека кинески и руски воени авиони влегле и ја напуштиле зоната на воздушна одбрана на земјата. Седум руски и два кинески авиони влегле во Корејската зона на воздушна одбрана (КАДИЗ) околу 10 часот по локално време, а потоа ја напуштиле, иПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Пожарот на Педагошкиот факултет во Новосибирск е изгаснат, соопшти руското регионално министерство за вонредни ситуации. Според податоците од руското министерство, денес поради пожарот се евакуирани 670 студенти, пренесува ТАСС. Пожарот започнал во канцеларијата на третиот кат и се проширил на покривот на трикатната зграда, зафаќајќи површина од 700 квадратни метри.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Врховниот руски генерал, Валериј Герасимов, во вторникот изјави дека руските сили напредуваат по целата линија на фронтот во Украина и дека ги таргетираат опколените украински трупи во градот Мирноград. На состанокот на командниот штаб со офицерите на Централната група, која дејствува во украинскиот Дњепропетровски регион, Герасимов рече дека претседателот ВладимирПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Дали преговорите за прекин на непријателствата во Украина конечно ќе се поместат од мртва точка, сè уште не е сигурно. Американците создадоа мировен план од 28 точки, кој беше оценет како поволен за Русија, а потоа, по разговорите со Украинците и нивните европски сојузници, делумно го изменија. Сепак, сè уштеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Модулот за спуштање на вселенскиот брод „Сојуз МС-27“ слета 146 километри југоисточно од Жезказган во казахстанската степа, соопшти Роскосмос. Вселенскиот брод ги врати на Земјата руските космонаути Сергеј Рижиков и Алексеј Зубрики, како и американскиот астронаут Џони Ким, по нивниот престој на Меѓународната вселенска станица, објави Риа Новости. Ракетата „Сојуз-2.1а“Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Руските сили утринава ја гранатираа областа Херсон во Украина, каде што најмалку три лица се ранети, додека шест лица се повредени во нападите на Одеса во текот на ноќта со руски беспилотни летала, пренесува Укринформ. Претставникот на регионалните власти во Одеса, Олег Кипер, на Телеграм објави дека градот синоќа повторноПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Некои украински деца депортирани од Русија од окупираните територии се испраќаат во воени кампови во Северна Кореја, изјави Катарина Рашевска, експерт во Регионалниот центар за човекови права, за време на сослушувањето во Сенатот на САД. Како што наведе таа, документирани се 165 воени кампови во кои се милитаризирани и русифицираниПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека не сака Русија да се врати во Групата осум најразвиени земји во светот (Г8). – Нема да навлегувам во детали, но во минатото во основа престанав да одам на овие состаноци, изјави Путин во интервју за телевизискиот канал „Индија тудеј“, пренесува Интерфакс.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинските сили во регионот Запорожје се во тешка ситуација. Во последно време најмногу се зборува за битките за Покровск во Доњецк и Купјанск и Вовчанск во Харковската област. Меѓутоа, руските сили успеаја да направат делумен пробив околу Хулајпоље. Таа тенденција беше видлива неколку недели однапред. Украинците ја напуштија позицијата, КиевПрочитај повеќе