Русија (Page 20)

Русија официјално Руска Федерација, е полупретседателска федерална република лоцирана во Источна Европа и Северна Азија.

Со површина од 17.125.187 km², Русија е најголемата земја во светот со речиси двојно поголема територија од Канада. Се граничи со 18 држави.

Таа е на деветтото место во светот според населението со околу 146 милиони. Официјален јазик е рускиот, а главен град и најголем град е Москва.

Според Уставот на Русија, земјата е федерација и полупретседателска република, каде претседателот е шеф на државата а премиерот е на чело на владата.

Руската Федерација се дели на 85 федерални субјекти (составни единици), 22 од нив се републики. Републиките се територии со неруско население. Локалните етнички групи се нарекуваат „титуларни националности“.

  1. Адигеја
  2. Алтај
  3. Башкортостан
  4. Бурјатија
  5. Дагестан
  6. Ингушетија
  7. Кабардино-Балкарија
8. Калмикија
9. Карачаево-Черкесија
10. Карелија
11. Коми
12. Мариј Ел
13. Мордовија
14. Јакутија
15. Северна Осетија-Аланија
16. Татарстан
17. Тува
18. Удмуртија
19. Хакасија
20. Чеченија
21. Чувашија
22. Крим

Во продолжение сите вести поврзани со Русија.

Сподели со своите пријатели

Како што преговорите за евентуален договор за прекин на војната во Украина се интензивираат, поголемиот дел од дискусиите се фокусирани на источниот дел од земјата, кој долго време беше во центарот на руските цели. Украинските региони Донецк и Луганск, колективно познати како Донбас, беа индустриска сила за време на советскатаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

За време на телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин понуди да организира средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски во Москва, изјавија три извори за АФП. „Путин ја спомена Москва“ за време на разговорот во понеделник, изјави еден од изворите во вторник. Зеленски, кој јавноПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Транзитот на нафта преку нафтоводот „Дружба“ до Унгарија, кој беше прекинат поради украинскиот напад, продолжи, изјави унгарскиот министер за надворешни работи и економски односи со странски земји, Петер Сијарто. „По украинскиот напад завчеравечер, испораките на нафта до Унгарија преку нафтоводот Дружба беа обновени во последните неколку минути. Му се заблагодаривПрочитај повеќе

a red and white flag flying over a body of water

Сподели со своите пријатели

Швајцарија ќе му понуди имунитет на рускиот претседател Владимир Путин, и покрај обвинението против него пред Меѓународниот кривичен суд, под услов да присуствува на мировната конференција, изјави денес швајцарскиот министер за надворешни работи Игнацио Касис. Минатата година, федералната влада ги дефинираше правилата за доделување имунитет на лице под меѓународна потерница,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателот на САД, Доналд Трамп, доби покана да ја посети Русија, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров. „Како што знаете, тој беше поканет. Претседателот (на Русија, Владимир) Путин ја потврди поканата за време на прес-конференцијата во Алјаска, а Доналд Трамп, ако добро се сеќавам, рече дека била многуПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинските одбранбени сили извршија успешен напад врз руски товарен воз што превезувал гориво во окупираниот дел од Запорошката област, со што прекинаа важна железничка врска за снабдување на руските трупи, пишува United24. Инцидентот се случил во областа помеѓу Урожајни и Токмак, на помалку од 30 километри од фронтовската линија. СпоредПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во првата половина од оваа година, Европската Унија увезе течен природен гас (LNG) од Русија во вредност од околу 4,48 милијарди евра, што е повеќе отколку во истиот период минатата година кога вредноста на испораките на руски LNG изнесуваше 3,47 милијарди евра, објави Европскиот завод за статистика. Во првите шестПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Премиерот на Италија, Џорџа Мелони, изјави дека по три години започнува нова фаза во украинскиот конфликт, на кој учествуваше на самит во Белата куќа со лидерите на ЕУ. „Денес, по три години започнува нова фаза, благодарение на Трамп и благодарение на застојот на теренот. Ќе разговараме за гаранции што ќеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност да се сретне со украинскиот лидер Володимир Зеленски, потврди американскиот државен секретар Марко Рубио во интервју за Фокс њуз. „Самиот факт што Путин вели: „Секако, ќе се сретнам со Зеленски“ е веќе сериозен. Не тврдам дека ќе ја напуштат просторијата како пријатели, ниту декаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Владимир Путин е „предатор, чудовиште пред нашата врата“ кој „постојано мора да голта за да преживее“, рече Емануел Макрон во вторник, повикувајќи ги Европејците „да не бидат наивни“ во однос на Русија, која „трајно ќе биде дестабилизирачка сила“. „Од 2007 до 2008 година (руската интервенција во Грузија), претседателот Путин реткоПрочитај повеќе