Русија (Page 138)

Русија официјално Руска Федерација, е полупретседателска федерална република лоцирана во Источна Европа и Северна Азија.

Со површина од 17.125.187 km², Русија е најголемата земја во светот со речиси двојно поголема територија од Канада. Се граничи со 18 држави.

Таа е на деветтото место во светот според населението со околу 146 милиони. Официјален јазик е рускиот, а главен град и најголем град е Москва.

Според Уставот на Русија, земјата е федерација и полупретседателска република, каде претседателот е шеф на државата а премиерот е на чело на владата.

Руската Федерација се дели на 85 федерални субјекти (составни единици), 22 од нив се републики. Републиките се територии со неруско население. Локалните етнички групи се нарекуваат „титуларни националности“.

  1. Адигеја
  2. Алтај
  3. Башкортостан
  4. Бурјатија
  5. Дагестан
  6. Ингушетија
  7. Кабардино-Балкарија
8. Калмикија
9. Карачаево-Черкесија
10. Карелија
11. Коми
12. Мариј Ел
13. Мордовија
14. Јакутија
15. Северна Осетија-Аланија
16. Татарстан
17. Тува
18. Удмуртија
19. Хакасија
20. Чеченија
21. Чувашија
22. Крим

Во продолжение сите вести поврзани со Русија.

Сподели со своите пријатели

Постојаниот претставник на Русија во ОН Василиј Небензја на шега им понудил да им помогне на Американците да го пронајдат водачот на групата „Хајат Тахрир ал-Шам“, Абу Мухамед ал-Џулани (терористичка организација забранета во Русија), во замена за ветената награда. „Стејт департментот го признава Ал-Џулани како водач на Хајат Тахрир ал-ШамПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Арктик, некогаш познат по студената и негостопримлива средина и долгите зимски ноќи, доживува брзи и драматични промени бидејќи се загрева речиси четири пати побрзо од остатокот од светот. Овој забрзан процес ја отвора вратата за сè поинтензивна индустриска активност и развој, а промените сега се јасно видливи благодарение на сателитскитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на Обединетите нации е најмногу обединет по прашањето за зачувување на територијалниот интегритет на Сирија и важноста од заштита на цивилното население, изјави вечерва постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН Василиј Небензја. Тој рече дека консултациите на Советот за безбедност на ОН за Сирија биле позитивни.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави денеска дека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп „не поставува услови“ и дека одлучувачкиот чекор во мирното решавање на конфликтот во Украина е на рускиот претседател Владимир Путин. Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека Доналд Трамп може да го запре финансирањето и испраќањето на платеници „коиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, Русија потрошила најмалку 200 милијарди долари, а во првата година од војната изгубила повеќе војници отколку во кој било друг конфликт од Втората светска војна, според американскиот секретар за одбрана Лојд Остин. Остин: Русија претрпе 700.000 жртви во војната воПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека никој нема да успее да ја разбие Русија, бидејќи на нејзина страна се вистината и силата на духот и оружјето. Според него, Русија ќе продолжи да се потпира на хероите од Специјалната воена операција, бидејќи, како што вели, тие се елитата на земјата.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Руските трупи полека напредуваат во неколку критични сектори по линијата на фронтот долга 1.300 километри, меѓутоа, во еден клучен град, Украинците напредуваат. За да ги ослободат квартовите на Торечко, источен град со предвоено население од 35.000, украинските војници детонираат цели облакодери со надеж дека ќе ги закопаат руските војници заробениПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Руската армија во Сирија прави се што е потребно за да ја обезбеди безбедноста на воените бази во таа земја, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека, иако Русија ги презема сите мерки на претпазливост, во моментов е рано да се зборува за одржување на руското военоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Русија Владимир Путин лично ја донел одлуката за азил на соборениот сириски лидер Башар ал Асад, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков истакна дека рускиот претседател донел одлука да им даде азил на Асад и неговото семејство, но дека се уште нема план тие двајца да сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Одборот за одбрана на руската Државна дума, Андреј Картаполов денеска изјави дека нема закани за руските воени бази и воени контингенти во Сирија. „Нема отсечени воени единици, сите се таму каде што треба да бидат во согласност со одлуките на командата и си ги исполнуваат задачите“, изјави Картаполов,Прочитај повеќе