Русија (Page 125)

Русија официјално Руска Федерација, е полупретседателска федерална република лоцирана во Источна Европа и Северна Азија.

Со површина од 17.125.187 km², Русија е најголемата земја во светот со речиси двојно поголема територија од Канада. Се граничи со 18 држави.

Таа е на деветтото место во светот според населението со околу 146 милиони. Официјален јазик е рускиот, а главен град и најголем град е Москва.

Според Уставот на Русија, земјата е федерација и полупретседателска република, каде претседателот е шеф на државата а премиерот е на чело на владата.

Руската Федерација се дели на 85 федерални субјекти (составни единици), 22 од нив се републики. Републиките се територии со неруско население. Локалните етнички групи се нарекуваат „титуларни националности“.

  1. Адигеја
  2. Алтај
  3. Башкортостан
  4. Бурјатија
  5. Дагестан
  6. Ингушетија
  7. Кабардино-Балкарија
8. Калмикија
9. Карачаево-Черкесија
10. Карелија
11. Коми
12. Мариј Ел
13. Мордовија
14. Јакутија
15. Северна Осетија-Аланија
16. Татарстан
17. Тува
18. Удмуртија
19. Хакасија
20. Чеченија
21. Чувашија
22. Крим

Во продолжение сите вести поврзани со Русија.

Сподели со своите пријатели

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Москва минатиот месец, тој обезбедил снабдување со гас за Словачка и покрај тоа што Украина го прекина транзитот на руски гас на почетокот на 2025 година. „Требаше да обезбедам гас барем за домашна потрошувачкаПрочитај повеќе

two motorcycles parked in front of a large building

Сподели со своите пријатели

Руските власти денеска објавија дека протерале повеќе од 80.000 мигранти во 2024 година, двојно повеќе од 2023 година, во услови на построга мигрантска политика по нападот во близина на Москва минатиот март. „Повеќе од 80.000 мигранти и лица без државјанство се протерани од Русија по судски налог“, пренесе државната агенцијаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украина соопшти дека нејзините сили погодиле руско складиште за нафта што ги снабдува московските воздушни сили, кое се наоѓа на стотици километри од украинската граница. Нападот е дел од серијата ескалирачки прекугранични напади на Москва и Киев насочени кон енергетската и воената инфраструктура, речиси три години откако Кремљ започна сеопфатнаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Со Херберт Кикл, лидерот на Партијата на слободата (ФПО) на пат да стане австриски канцелар, естаблишментот во Европската унија се подготвува за нови болки – „уште еден удар во стомакот во борбата против Владимир Путин“, во овие зборови за политичките настани во Австрија денеска пишува бриселскиот сајт „Политико“. Во написотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

На интернет кружи осумминутна снимка од брутална пресметка меѓу Украинец и руски војник, која заврши со победата на рускиот војник врз украинскиот. Како што може да се прочита од странските медиуми, видеото го снимила камера на кацигата на украинскиот војник. На веб-страницата Редит е објавена наводна фотографија од руски војникПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Зголемен е бројот на Украинци кои се подготвени да направат територијални отстапки кон Русија за да постигнат мир. Уделот на оние кои се против какви било отстапки е намален, покажа истражувањето на Киевскиот меѓународен институт за социологија (КИМС), објавено денеска. Истражувањето, спроведено во декември, покажа дека меѓу октомври и декемвриПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Воздухопловните сили на Украина повеќе немаат на располагање многу авиони Сухој Су-25. Сепак, оние кои имаат сè уште многу се борат во војна која полека влегува во својата четврта година. Неодамна беа објавени видео снимки од камерите прикачени на овие авиони, на кои се гледа како советските авиони фрлаат бомбиПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја изјави денеска дека Германија и Јапонија нема да можат да добијат постојано место во Советот за безбедност на ОН. Тој за телевизијата „Русија 24“ изјави дека прославата на годишнината од организацијата на ОН е причина нејзините членки да погледнат наназад иПрочитај повеќе

Братислав Живковиќ

Сподели со своите пријатели

Српскиот платеник Братислав Живковиќ наводно бил убиен во борбите во Курск, пренесуваат руските канали Телеграм. Информацијата за смртта на Живковиќ не е официјално потврдена. „Братислав Живковиќ (1975) загина во нападот во Курск“, пишува на профилите на X, поранешен Твитер. „Во текот на ноќта, на 2 јануари, нашиот пријател и брат,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Соочена со сериозен недостиг на војници за војната во Украина, Русија почна да регрутира осудени криминалци од затвор. Најлошите убијци и силувачи можат да одат на слобода, а потоа да бидат поздравени како национални херои. Исто така, има криминалци кои извршиле помали кривични дела и се подготвени да се коцкаатПрочитај повеќе