Русија (Page 107)

Русија официјално Руска Федерација, е полупретседателска федерална република лоцирана во Источна Европа и Северна Азија.

Со површина од 17.125.187 km², Русија е најголемата земја во светот со речиси двојно поголема територија од Канада. Се граничи со 18 држави.

Таа е на деветтото место во светот според населението со околу 146 милиони. Официјален јазик е рускиот, а главен град и најголем град е Москва.

Според Уставот на Русија, земјата е федерација и полупретседателска република, каде претседателот е шеф на државата а премиерот е на чело на владата.

Руската Федерација се дели на 85 федерални субјекти (составни единици), 22 од нив се републики. Републиките се територии со неруско население. Локалните етнички групи се нарекуваат „титуларни националности“.

  1. Адигеја
  2. Алтај
  3. Башкортостан
  4. Бурјатија
  5. Дагестан
  6. Ингушетија
  7. Кабардино-Балкарија
8. Калмикија
9. Карачаево-Черкесија
10. Карелија
11. Коми
12. Мариј Ел
13. Мордовија
14. Јакутија
15. Северна Осетија-Аланија
16. Татарстан
17. Тува
18. Удмуртија
19. Хакасија
20. Чеченија
21. Чувашија
22. Крим

Во продолжение сите вести поврзани со Русија.

Сподели со своите пријатели

Повеќе од две децении по освојувањето на златниот олимписки медал, Алина Кабаева останува една од најпочитуваните гимнастичари во Русија. Меѓутоа, откако се повлече од спортот, нејзината слава помалку се поврзува со нејзините натпреварувачки успеси, а повеќе со нејзината наводна врска со рускиот претседател Владимир Путин. Гласините за нивниот брак сеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Данската агенција за енергетика му даде дозвола на „Северен тек 2 АГ“ да врши конзерваторски работи на гасоводот „Северен тек 2“ во Балтичкото Море, кој беше оштетен во серија експлозии во 2022 година, пренесува Танјуг. Работите за одржување се неопходни за да се намалат еколошките и безбедносните ризици кои произлегуваатПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Русија соопшти дека имала „отворени“ разговори со новиот де факто лидер на Сирија, бидејќи се обидува да ги задржи своите две воени бази во земјата, но одби да коментира што бара тој за возврат, пренесува Ројтерс. Сириски извор запознаен со разговорите изјави за Ројтерс дека новиот лидер Ахмед ал ШараПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Додека Русија полека, но сигурно презема поголеми контролни точки на територијата на поранешните советски сојузници, Белорусија стана клучен елемент во геополитичката игра што Владимир Путин одамна ја води. За разлика од драматичните инвазии кои ги одбележаа првите години од војната во Украина, „освојувањето“ на Белорусија се случува речиси незабележливо, ноПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Нуклеарна централа била меѓу целите на масовниот напад со украински дронови врз руските нафтени и електрани, објавија руски официјални лица и медиуми. Системите за противвоздушна одбрана уништија беспилотно летало кое цели на нуклеарна централа во регионот Смоленск, кој граничи со Белорусија, напиша гувернерот Василиј Анохин на апликацијата за пораки Телеграм.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Подготовката на обид за атентат врз рускиот претседател Владимир Путин и самото разгледување на таквите обиди се сметаат за сериозна закана за глобалната безбедност, изјави претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин. Тој на својот канал Телеграм истакна дека секоја дискусија за убиството на рускиот лидер е „злосторство што може даПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Последните сателитски снимки покажуваат дека Русија се чини дека ја евакуира воената опрема од клучната поморска база во Сирија. Овие снимки се најновиот показател дека Москва го намалува своето присуство во земјата по децении, како одраз на новата реалност на Блискиот Исток по падот на режимот на Башар ал Асад.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој повика на продолжување на транзитот на руски гас преку Украина, ќе разговара за ова прашање со претставници на Европската комисија во четврток, соопшти неговиот кабинет. Кремљ објави дека го поддржува продолжувањето на транзитот на гас преку Украина, но Киев одби да го обнови договорот штоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин зборуваше за преговорите со Украинците што се одржаа во пролетта 2022 година, непосредно по почетокот на целосната руска инвазија. Тој тврди дека Русија била свесна дека може да биде измамена доколку ги повлече своите сили од областа Киев, но сепак тоа го направила за да избегнеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

На Украина ѝ требаат пошироки безбедносни гаранции, а рускиот претседател Владимир Путин не се плаши од Европа, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Фокс њуз, во кое го повика американскиот претседател Доналд Трамп да застане на страната на Украина, пренесува Ројтерс. Трамп, кој ја презеде функцијата на 20Прочитај повеќе