Максим Димитриевски (Page 36)

Максим Димитриевски е роден на 29 нoември 1975 година во Куманово и е актуелен градоначалник на Општина Куманово.

Основно и средно образование завршува во родниот град, а дипломира на правниот факултет во Скопје.

Во 2011 година изработува публикуван труд: „Вкупни даночни приходи и расходи во ЕЛС со осврт на Општина Куаманово#. Магистрира во 2021 гдина на тема ,,Улогата на локалната самоуправа во вонредна и кризна состојба, во услови на епидемија со осврт на општина Куманово”.

Има долгогодишно работно искуство како приватен стопанственик.

Максим Димитриевски е семеен човек, сопруг и татко на три деца.

Политичката кариера Димитриевски ја започнува како млад активист на Социјал демокртаски Сојуз на Македонија.

Во 2008 година станува дел од Советот на Општина Куманово, а подоцна и претседател од 2012 до 2016 година.

Политичката кариера ја продолжува како пратеник во Собрание на Република Македонија и претседател на комисија за одбрана и безбедност.

На локалните избори во октомври 2017 година станува градоначалник на Општина Куманово.

Во продолжение сите вести поврзани со Максим Димитриевски.

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски вечерва од 20 часот во хотелот Холидеј ин во Скопје ќе го промовира движењето ЗНАМ – За наша Македонија. ЗНАМ ќе биде нов субјект на македонската политичка сцена, а за таа цел вечерва ќе биде потпишана Иницијативата за формирање. Како што претходно најави Димитриевски, движењето ЗНАМПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Актуелниот градоначалник на Општина Куманово и идејниот творец на граѓанското движење Максим Димитриевски, ги покани поддржувачите, пријателите и граѓаните да се придружат на граѓанската иницијатива и да присуствуваат на настанот по повод Иницијативата за формирање на новиот политички субјект на македонската политичка сцена, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Членовите на Здружението „За наше Куманово” денеска одржаа еко акција на локалитетот „Сателит“, на влезот во населбата Карпош.     Еколошката акција, во која се вклучи и кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, како што велат од здружението, има цел да ја подигне еколошката свест на граѓаните.     – Акцијата ставаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Зошто учебниците да ни бидат напишани во Софија, зошто ЕУ го штити интересот на една земја членка? Како што се донесе декларацијата во германскиот парламент, зошто сите земји членки не го сторат истото, да добиеме и ние некои гаранции, праша Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во вчерашното гостување во “СамоПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски вечерва во гостувањето во Само Интервју на Канал 5 телевизија најави официјално потпишување на иницијатива за формирање на нов политички субјект во Македонија на 9 октомври во Скопје. “На 9 октомври во пресрет на големиот празник 11 Октомври, во хотел Холидеј Ин во СкопјеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Државните пари од граѓаните наменети за Бехтел и Енка за изградба на Коридор 8 се непотребно трошење пари, место истите да се пренаменат за Чебрен како стратешки проект за нашата држава, смета градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски. “Ние веќе имаме еден Коридор 8, изграден е до Косово, конектирајте јаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

На покана на Мрежата на силни градови, градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски учествуваше на Четвртиот Глобален Самит на Мрежата на Силни Градови, кој се одржува во Њујорк за време на првата недела од 78-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации.     Со низа настани и активности заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

„Нема да се случат уставни измени и доколку се случат нема да бидат во интерес на нашите граѓани затоа што со потпишување на францускиот предлог и целиот протокол, Македонија всушност презема обврски однапред иако претходно следуваа официјални изјави и од Вашингтон дека тоа е билатерален проблем, дека треба проблемот даПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

„Македонија стана приватна држава на политичките субјекти која се управува исклучиво на локациите кај што се лоцирани политичките субјекти. Не таму каде што е местото, во владата, во локалните самоуправи, во канцелариите на оние коишто граѓаните ги бираат. Ние ќе формираме политичка партија со луѓе кои до сега немаат опашки,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

“Изненадувачка е паничната реакција на г-динот Груби изминатите два дена. Вокабуларот кој што го употребува личи на заканувачка реторика од улица. И тоа не ме чуди. Ако внимателно ја проследите изјавата на Г-динот Груби тој вели, цитирам: ,,ПОСОЧЕНОТО ЛИЦЕ,, и дека темата на разговори во Будимпешта биле ,,ИЗМЕНИТЕ ВО КРИВИЧНИОТПрочитај повеќе