Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски вечерва од 20 часот во хотелот Холидеј ин во Скопје ќе го промовира движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
ЗНАМ ќе биде нов субјект на македонската политичка сцена, а за таа цел вечерва ќе биде потпишана Иницијативата за формирање.
Како што претходно најави Димитриевски, движењето ЗНАМ – За Наша Македонија има за цел да ги смени работите во државата, да ги промени процесите, од граѓаните за граѓаните, и да се стави целосно во служба на Македонија.
На настанот се предвидени обраќања на говорници, како и потпишување на Иницијативата од страна на претставници на сите 10 граѓански здруженија од Македонија, заедно со идејниот творец на граѓанското движење, Максим Димитриевски.
Никола Ивановски