Кина (Page 95)

Кина, официјално Народна Република Кина (НРК), е земја во Источна Азија.

Таа е најнаселената земја во светот, со население од повеќе од 1,4 милијарди луѓе. Земјата опфаќа пет географски временски зони и граничи со 14 земји. Втора е по големина од која било земја во светот по Русија. Се состои од 23 провинции, пет автономни региони, четири општини и два специјални административни региони (Хонг Конг и Макао).

Национален главен град е Пекинг, а најнаселен град и финансиски центар е Шангај.

Кинескиот устав вели дека Народна Република Кина „е социјалистичка држава управувана од народна демократска диктатура која е предводена од работничката класа и заснована на сојуз на работници и селани“. Дека државните институции „ќе го практикуваат принципот на демократски централизам.“

Таа е меѓу единствените социјалистички држави во светот управувана од комунистичка партија.

Кинеската влада на различни начини беше опишана како комунистичка и социјалистичка, но и како авторитарна и корпоратистичка. Има тешки ограничувања во многу области, особено против слободниот пристап до интернет, на печатот, на собирање, право на раѓање деца.

Во продолжение сите вести од Кина.

Сподели со своите пријатели

Кинески борбен авион пресретнал американски разузнавачки авион над Јужното Кинеско Море минатата недела и извршил „небезбеден маневар“, принудувајќи го американскиот авион да преземе евазивна акција, соопшти Индо-пацифичката команда, која ги надгледува операциите на САД во регионот. Борбен авион Ј-11 на кинеската морнарица прелетал на седум метри од носот на RC-135Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Британските здравствени експерти проценуваат дека во Кина секојдневно умираат околу 9.000 луѓе од новата варијанта на вирусот Ковид-19, објави Гардијан. Од друга страна, САД размислуваат за земање примероци и тестирање за канализација од ковид, земени од меѓународни авиони за да ги следат сите нови варијанти кои се појавуваат, додека инфекциитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

На состанокот на Комитетот за здравствена безбедност на ЕУ, на кој се разговараше за ситуацијата во земјите-членки, Европската комисија ги повика земјите-членки да ги координираат националните мерки поради заразите со Ковид-19 во Кина. Пред состанокот свикан од Комисијата, портпаролот Даниел Фери истакна дека на 7 декември се ажурирани препораките заПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Цените на нафтата паднаа денеска бидејќи обновувањето на ковид-19 во Кина ги намали надежите за закрепнување на побарувачката за гориво во втората по големина светска економија, која е и најголемиот глобален увозник на „црното злато“. Европската нафта „брент“ за испорака во февруари поевтини за 26 центи, или 0,3 отсто, наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Неколку земји воведоа ограничувања за патниците од Кина поради порастот на бројот на случаи на коронавирус во таа земја, откако Пекинг ги олесни строгите мерки и ја напушти политиката на „нулта толеранција“. Во објаснувањето за причините за воведувањето на ограничувањата, „недостигот на информации од Кина за варијантите на вирусот, бројотПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Едно лице загина во верижен судар во кој учествувале повеќе од 200 возила во кинескиот град Женгжу, што се случи поради густа магла, соопштија службите за итни случаи и државната телевизија CCTV. Службите за итни случаи известуваат дека повеќе од 200 возила се судриле едно со друго, пренесува Ројтерс. СликитеПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Соединетите Американски Држави (САД) размислуваат да воведат ограничувања за патниците кои доаѓаат од Кина, каде властите нагло ги олеснија мерките против Ковид-19, соопштија американските власти. САД „следат научни податоци и совети од експерти за јавно здравје, се консултираат со партнери и размислуваат за активности за заштита на американскиот народ“, изјавијаПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Јапонскиот премиер Фумио Кишида изјави дека патниците од Кина ќе мора да бидат негативни за коронавирусот при влез во Јапонија, поради наглото ширење на болеста во Кина. Доколку се утврди дека се заразени со вирусот, патниците од Кина ќе мора да поминат седум дена во карантин, изјави Кишида на новинарите,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Планот за продолжување на задолжителната воена служба во Тајван на една година од сегашните четири месеци ќе биде објавен денеска. Од кабинетот на претседателката на Тајван, Цаи Инг-вен соопштија дека таа денеска ќе свика состанок за национална безбедност, на кој ќе се разговара за зајакнување на цивилната одбрана на островот,Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Кина ќе ги укине барањата за карантин за патниците кои влегуваат во Кина на 8 јануари, објави Националната здравствена комисија, што е голем чекор кон олеснување на ограничувањата на нејзините граници, кои се главно затворени од 2020 година. Одговорот на Кина на Ковид-19 ќе биде олеснет во категоријата Б одПрочитај повеќе