Кина: Имавме остар пад на извозот и увозот

Сподели со своите пријатели

Кинескиот извоз и увоз нагло паднаа во декември, покажаа денеска официјалните податоци, како одраз на забавувањето на странската и домашната побарувачка во услови на забавување на глобалната економија и новиот бран на инфекции со Ковид во Кина.

Loading...

На годишна основа, извозот е намален за 9,9 отсто во однос на декември 2021 година, најсилниот од почетокот на пандемијата. Во ноември тој падна за 8,7 отсто.

За 7,5 отсто е намален увозот во последниот месец од минатата година, по падот од 10,6 отсто во ноември.

Лани нивниот извоз е зголемен за седум отсто

Надворешно-трговскиот биланс за декември покажа суфицит од 78 милијарди долари, 11,7 отсто поголем од ноември.

Во цела минатата година извозот порасна за седум отсто благодарение на силната трговија со земјите од Југоисточна Азија и значително повисоките испораки на електрични возила.

Податоците, сепак, покажуваат силно забавување во споредба со 2021 година, кога скокна за 29,6 отсто.

Увозот се зголемил за само 1,1 отсто минатата година, по скокот од 30 отсто во 2021 година.

Извозните региони известија за подобрување на новите нарачки

Забавувањето на странската побарувачка и сè поголемите ризици од глобална рецесија се најголема тежина за стабилизацијата на трговската размена, потенцираа вчера од Министерството за трговија.

Loading...

Но, водечките извозни региони пријавија подобрување на новите нарачки, додаваат тие.

На крајот на минатата година, кинеските власти конечно ги укинаа ограничувањата за пандемијата кои ги нарушија пристанишните операции и затворија фабрики во клучните производствени центри.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.