Какво писмо му предаде Олена Зеленска на кинескиот претседател?

Сподели со своите пријатели

Сопругата на украинскиот претседател Олена Зеленска потврди дека писмото му го доставила на кинескиот амбасадор во Давос, Швајцарија.

Loading...

Како што тврди, во писмото се истакнуваат барањата на Володимир Зеленски за влегување во преговори со Русија и постигнување мир.

Олена Зеленска, сопругата на Володимир Зеленски и првата дама на Украина, учествуваше на годишниот Светски економски форум во Давос, а по тој повод на кинескиот амбасадор му предаде писмо од украинскиот претседател.

Зеленска истакна дека писмото е упатено до кинескиот лидер Си Џинпинг и дека во него се содржани барањата на украинскиот претседател за постигнување мир и преговори со Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шефовите на Европската унија пристигнуваат во Киев

„Се надевам дека ќе одговорат на овој повик. Единството е она што го враќа мирот. Како светот очекува да постигне климатска неутралност ако не може ниту да го запре палењето на украинските градови? – истакна Зеленска.

Иако не е позната содржината на писмото, познати се претходните барања на Зеленски за примирје.

Меѓу другото, Зеленски повикува на целосно повлекување на московските трупи од Украина и специјален суд за руски воени злосторства, пишува Ројтерс.

Да потсетиме, Зеленски во неколку наврати се обиде да стапи во контакт со Си со надеж дека Пекинг ќе го искористи своето влијание врз рускиот лидер Владимир Путин.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Подготвуваме нешто за годишнината од почетокот на војната во Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.