Германија (Page 38)

Германија или официјално Сојузна Република Германија, е земја во Централна Европа.

Таа е втора најнаселена земја во Европа по Русија и најнаселена земја членка на Европската унија. Има население од над 83 милиони во нејзините 16 конститутивни држави.

Германија се состои од шеснаесет покраини, кои на германски се нарекуваат Länder.

Секоја покраина има сопствен покраински устав и се во голема мерка автономни во поглед на нивната внатрешна организација.

Поради разликите во големина и население понатамошната административна поделба на овие покраини се разликува, особено помеѓу градовите-покраини (Stadtstaaten) и покраините со поголеми територии (Flächenländer).

За регионални административни цели, пет покраини (Баден-Виртемберг, Баварија, Хесен, Северна Рајна-Вестфалија и Саксонија), имаат воведено вкупно 22 административни окрузи (Regierungsbezirke).

До 2009 година, земјата била поделена на 403 окрузи (Kreise) на општински ниво, кои се состојат од 301 рурален округ и 102 урбани окрузи.

Во продолжение сите вести поврзани со Германија.

Сподели со своите пријатели

Во Германија, повеќе од 200 илјади Украинци го загубија статусот на привремена заштита од јули 2024 година. Бројот на Украинците со статус на привремена заштита во Германија се намалил од 1,37 милиони на 1,11 милиони луѓе, соопшти Евростат, а пренесува Танјуг. Од јули 2024 година, Германија ги избриша од регистаротПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави денеска дека единствениот одговор на рускиот претседател Владимир Путин на сите обиди за воспоставување мир во Украина е само зголеменото насилство. „Европа соработува со Украина секој ден за постигнување мир. Во изминатите 2,5 години вложивме максимални напори мирот да го доближиме баремПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден ќе одобри дополнителна безбедносна помош од 250 милиони долари за Украина, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на почетокот на состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во воената база Рамштајн во Германија. „Тоа ќе го зголеми капацитетот за задоволување на потребите наПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Германија на состанок на Контакт групата за Украина, пренесе агенцијата Франс прес. Зеленски ќе се обиде да ја добие поддршката од меѓународните сојузници додека украинската армија се повлекува на истокот од земјата под притисок на Русија. По оваа средба, украинскиот лидер ќе разговараПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

По нападот со нож кој Сириец го изврши во Солинген додека чекаше да биде депортиран од Германија, владата во Берлин одлучи да воведе многу построга миграциска и безбедносна политика. Има многу предлози на маса. Опозициските демохристијани (ЦДУ/ЦСУ) сметаат дека предложените мерки не се доволни. Тие бараат бегалците да бидат вратениПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германија годинава нема да забележи економски раст, се вели во есенската прогноза што денеска ја објави Институтот за економски истражувања ИФО од Минхен. Во претходната прогноза, институтот очекуваше дека Германија на крајот на 2024 година ќе забележи економски раст од 0,4 отсто. Експертите ги ревидираа и очекувањата за економски растПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Утрово во центарот на Минхен, во близина на нацистичкиот центар за документација и Генералниот конзулат на Израел, дошло до пукање во кое едно лице е убиено. „Во реонот на Каролиненплац полициските сили пукаа кон сомнително лице и лицето беше погодено“, напиша полицијата на X. Не е познат идентитетот на убиениот.Прочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Германија останува на одлуката за испорака на 12 противвоздушни одбранбени системи IRIS-T SLM на Украина, јавува Ројтерс повикувајќи се на извори во безбедносните кругови, а се работи за претходно преземени обврски, пренесува Хина. „Четири системи се веќе испорачани, два треба да следат до крајот на годината и шест во подоцнеженПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во Зиген-Ајзерфелд, 32-годишна Германка во петокот вечерта со нож нападна шест лица во автобус. Три лица се здобиле со повреди опасни по живот, едно е тешко повредено, а две полесно, јавува WDR. Автобусот бил на пат кон градскиот фестивал во Зиген. Полицијата го уапсила напаѓачот. Инспекторите во моментов не веруваатПрочитај повеќе

Сподели со своите пријатели

Во недела во германските сојузни покраини Тирингија и Саксонија се одржуваат локални парламентарни избори, кои според набљудувачите би можеле да го променат политичкиот пејзаж на Германија. „Секој глас е вреден во борбата за демократија“, рече Мајкл Кречмер, премиер на Саксонија и кандидат на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), на еден од последнитеПрочитај повеќе