Германија ќе обезбеди плус 100 милиони евра помош за Украина оваа зима

Сподели со своите пријатели

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека земјата ќе обезбеди дополнителни 100 милиони евра помош за Украина оваа зима.

Loading...

„Јасно е дека доаѓа есента, зимата е веднаш зад аголот. Русија планира уште една зимска војна со цел да ги направи животите на луѓето во Украина што е можно пострашни“, рече Бербок за време на нејзината посета на Молдавија, пренесува Танјуг.

Русија врши напади врз енергетската инфраструктура на Украина, како што се електрани, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во некои делови од земјата, наведува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Новиот генерален секретар на НАТО во Украина – прва официјална посета од преземањето на функцијата