Шолц: Иран и Хезболах итно да ги прекинат нападите врз Израел

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги повика Иран и Хезболах веднаш да престанат со нападите врз Израел и предупреди дека Иран ризикува да ја разгори ситуацијата во целиот регион.

Loading...

Шолц рече дека Германија и нејзините партнери ќе продолжат да работат на постигнување примирје, пренесува Ројтерс.

„Иран ризикува да го запали целиот регион – тоа мора да се спречи по секоја цена. Хезболах и Иран мора итно да ги запрат нападите врз Израел“, заклучи германскиот канцелар, пренесува Танјуг.

Советот за безбедност на Обединетите нации свика итен состанок денеска во 10 часот по локално време поради ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток, на барање на Франција и Израел.

Иран синоќа истрела 181 балистичка ракета кон Израел, поради што речиси десет милиони луѓе побараа засолниште во засолништа, а неколку луѓе беа ранети, пренесува Тајмс оф Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, по иранскиот ракетен напад врз Израел, изјави дека Иран направил „голема грешка“ и дека „ќе плати за тоа“.