Табановце: Жената починала од повреди со остар предмет, сопругот од прострелна рана

Сподели со своите пријатели

Две лица во кумановското село Табановце утринава се пронајдени починати со повреди на нивните тела.

Loading...

Засега останува непознато дали станува збор за убиство и самоубиство како што утринава кружеа шпекулациите низ Куманово, а од кумановската полиција само кратко информираа дека  се пранјдени тела на две лица на 43. и 36-годишна возраст.

Според засега непотрврцени информации, лицата биле брачен пар, а телата утринава ги пронашол нивниот син.

– На 17.08.2021 година во 08.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во семејната куќа во с.Табановце, кумановско, биле пронајдени починати и со повреди Б.С.(43) и неговата сопруга  Б.С.(36). По преземани мерки било констатирано дека Б.С. починала од здобиени повреди од остар предмет, додека нејзиниот сопруг имал прострелна рана од огнено оружје, велат од кумановската полиција.

 

 

И од Основното јавно обвинителство Куманово не дадоа конкретни детали, оттаму само додаваат дека телата се предадени на обдукција.

Loading...

– Со цел утврдување на причините за смртта на двајцата сопружници јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телата на починатите, како и наредба за вештачење на пронајдените траги и материјални докази на лице место, информираат од ОЈО Куманово.

Нема очевидци на настанот, а според информации од мештаните телата ги пронашол нивниот син, по што ја повикал својата баба која не живеела со нив, а откако дошла останала шокирана од глетката што ја затекнала.

 

 

Како што велат мештаните на селото Табановце, сега веќе починатиот маж, пред две недели излегол од затвор, а бил познат на полицијата од претходно по разни инциденти и насилно однесување.

Никола Ивановски