Таа е градоначалничка, угостител и единствен жител на Монова, вели дека не е осамена (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Елзи Ајлер живее во малиот град Монова, САД, каде целиот свој живот гледала како популацијата постепено се намалува.

Loading...

Градоначалничка, секретарка, благајничка, сопственичка на кафуле, се само некои нејзини функции.

Интересни факти за норвешкото гратче во кое шест месеци нема сонце (ФОТО)

Секоја година, на своето кафуле, става знак „избор на градоначалник“ и потоа гласа самата за себе. Според законот, таа е должна да организира избори.

Како сопственичка на кафеаната, таа се обврзува да побара лиценца за алкохол и тутун, така што барањето го испраќа до државата, која потоа му ја пренесува на градоначалникот, а кога таа, како градоначалник, ќе ја потпише, го враќа назад кај себе, како сопственичка на барот.

Мрачни тајни на проколнатото гратче во Европа: За шест години 79 самоубиства (ФОТО+ВИДЕО)

Пред околу 90 години, Монови имал околу 150 жители. Во тоа време имало дури три продавници, неколку ресторани и затвор. И градот бел станица на железницата „Елхорн“.

Ајлер останала последната жителка откако нејзиниот сопруг Руди починал.

Loading...

Тие се запознале во градинка, се венчале кога имала 19 години, а целиот живот го поминале во Монови.

Гртаче кое го голтаат планините, а туристите тука доаѓаат за посебна атракција (ФОТО)

Црквата ја одржала својата последна церемонија во 1960 година, до 1970 година се затвориле продавниците и поштата, училиштето било затворено во 1974 година.

Исто така во 1970-тите, децата на Елирин и Руди се иселиле. Двојката отворила кафуле во 1971 година. До 1980 година, само 18 други луѓе останале во градот, а 20 години подоцна, останала само оваа брачна двојка. Руди починал во 2004 година.

ЕДИНСТВЕНА ВАЛУТА: Парите во овој град растат на дрво

И покрај ова, Ајлер не сакала да се пресели.

Таа вели дека не е сама затоа што работи во нејзиното кафе 12 часа, каде има редовни гости од соседните места, како и туристи од целиот свет кои доаѓаат да го видат овој град со само еден жител.

Leave a Reply