СЗО одби да го покани Тајван на своето годишно собрание

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) одлучи на собранието одржано во понеделник во Женева да не упатува покана до Тајван да присуствува на годишното собрание на СЗО, што се одржува од 21 до 30 мај, како набљудувач.

Loading...

Кина и Пакистан се спротивставија на поканата до Тајван да присуствува на годишното собрание на СЗО како набљудувач, додека САД, Велика Британија, Франција, Австралија, Маршалските Острови, Белизе, Науру и Есватини, поранешен Свазиленд, го поддржаа присуството на Тајван, пишува Гардијан.

Министерството за надворешни работи на Тајван соопшти дека учеството на Тајван на седницата на собранието на СЗО е прашање на глобалното јавно здравје и ја критикуваше одлуката како неправедна.

„Не треба да се дозволи политиката да има предност пред професионализмот. Не само што е неправедно да се исклучи Тајван поради кинескиот политички притисок, туку претставува и сериозна закана за глобалното здравје“, се вели во соопштението на тајванското Министерство за надворешни работи, пренесува Танјуг.