СЗО ја потврди појавата на болеста од која умираат 50 отсто од заразените: Што е Марбург вирус?

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација (СЗО) потврди избивање на смртоносниот вирус Марбург во Екваторијална Гвинеја оваа недела.

Loading...

Досега е потврдено дека едно лице починало од инфекцијата, а се поврзува со уште осум смртни случаи, соопшти СЗО, пренесува N1 Хрватска.

Уште 16 случаи на инфекција се сомнителни во Екваторијална Гвинеја, а пациентите имаат симптоми кои вклучуваат треска, исцрпеност, како и траги од крв при повраќање и дијареа, пишува Инсајдер.

Присуството на овој вирус во источната провинција Екваторијална Гвинеја е првпат Марбург да биде откриен во таа земја, шест месеци по потврдувањето на инфекцијата со истиот вирус во Гана во јули 2022 година.

Марбург вирусот е редок кај луѓето, но е исклучително заразен кога ќе најде човечки домаќин.

Оваа болест може да биде фатална, со стапка на смртност до 50 проценти, според СЗО.

Кога избувна инфекцијата во Ангола во 2005 година, стапката на смртност меѓу заразените беше до 88 проценти.

Кои се симптомите на инфекција?

Вообичаени симптоми на Марбург вирусот вклучуваат хеморагична треска, исцрпеност, кашлање крв при повраќање и траги од крв во дијареата.

Loading...

Болеста често започнува ненадејно, вели СЗО, со висока температура, силна главоболка и малаксаност.

Во почетокот, пациентите често чувствуваат болки во мускулите и грчеви, а може да се јават и жолтица, гадење и болки во стомакот.

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) вели дека околу пет дена по почетокот на симптомите, осип може да се појави и на градите, грбот и стомакот на заболените.

Пациентите почнуваат да изгледаат бледо и ослабено, како духови со вдлабнати очи и безизразно лице, вели СЗО, и се појавува екстремна летаргија.

Во фатални случаи, смртта се јавува помеѓу осум и девет дена по почетокот на симптомите, обично по загуба на крв и шок.

Вирусот е исклучително заразен, а телата можат да останат заразни дури и по смртта.

Како изгледа третманот?

Не постојат одобрени вакцини или антивирусни терапии за лекување на вирусот, вели СЗО, но медицинската нега е ограничена на лекување на специфични симптоми и рехидратација, што може да ги подобри шансите за преживување.

Инфекцијата со Марбург понекогаш е тешко прецизно да се дијагностицира бидејќи има слични симптоми на некои други заразни болести, вклучувајќи маларија, тифусна треска, менингитис и ебола.

Loading...

Болеста е предизвикана од истиот вирус кој предизвикува ебола.

Марбург вирусот се пренесува на луѓето преку овошни лилјаци, кои се природни вектори, според СЗО.

Марбург не е респираторен вирус

Штом човек ќе се зарази, се шири преку директен контакт со телесните течности на заразениот, но и преку контаминирани површини и материјали.

За прв пат беше препознаен во 1967 година, а беше откриен од вработени во лабораториите во Марбург и Франкфурт во Германија, како и во Белград.

Како СЗО реагираше на епидемијата?

Здравствената агенција на ОН во понеделникот соопшти дека испратила здравствени експерти за епидемиологија, контрола на инфекции и превенција во Екваторијална Гвинеја за да се обидат да ја стават под контрола епидемијата.

Организацијата, исто така, испрати тимови за следење на контакти, изолирање на оние кои покажуваат знаци на болест и обезбедува медицинска нега на оние на кои им е потребна.

Властите во соседен Камерун во средата објавија дека во земјата се откриени два случаи на заболување за кои постои сомневање дека се предизвикани од вирусот.

Двата случаи се откриени во општина на границата меѓу Камерун и Екваторијална Гвинеја.

Loading...