Светски медиуми: Тензиите се зголемуваат, Србија најгласна досега со оружјето

Сподели со своите пријатели

Светските медиуми известуваат за одлуката на Белград да ја зголеми борбената готовност по неколкунеделните тензии на северот на Косово.

Loading...

Би-Би-Си пишува дека „ѕвонењето на оружјето е најгласно до сега“ по наводите на некои медиуми дека Приштина подготвува напад врз областа на етничките Срби на северот на Косово.

Британскиот јавен сервис наведува дека од Приштина нема коментар за тврдењата дека подготвува напад на северот на Косово.

Агенцијата АП наведува дека „Србија, која е вооружена со руски донации и воени залихи, веќе подолго време штрака со оружјето и и се заканува на својата поранешна покраина со сила“.

„Србија ги стави своите безбедносни трупи на границата со Косово во целосна борбена готовност, игнорирајќи ги повиците на НАТО за намалување на тензиите меѓу двата непријатели од времето на балканските војни“, додава агенцијата.

„Не беше веднаш јасно што значи оваа наредба на теренот, со оглед на тоа што српските сили веќе извесно време се во состојба на готовност на границата со Косово“, соопшти АП.

На зголемување на тензиите додаде и фактот што на граничниот премин му беше одбиен влезот во Косово на српскиот патријарх Порфирио, кој рече дека сака да испрати порака за мир за Божиќ на 7 јануари.

Франс прес пишува дека настанатата ситуација ги истакнува „неодамнешните тензии во соседно Косово, каде што имаше пукотници и експлозии и каде беа поставени блокади на патиштата“.

Loading...

Дојче веле оценува дека „тензиите растат повеќе од две децении по бруталната војна на Косово“.

Министрите за внатрешни работи и за одбрана Братислав Гашиќ и Милош Вучиќевиќ наредиле подигање на целосна борбена готовност на сите единици на МВР и на српската војска, по наредба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пренесува Нова.рс.