Светот ќе мора да се подготви за поекстремни шумски пожари

Сподели со своите пријатели

Затоплувањето на планетата и промената на начинот на обработување на земјата значат повеќе шумски пожари кои ќе избувнуваат се почесто низ светот во наредните децении, што ќе предизвика загадување од чад и други проблеми со кои владите не се подготвени да се соочат, стои во извештајот на Обединетите нации.

Loading...

Западот на САД, северниот дел на Сибир, централна Индија и источна Австралија веќе се соочуваат со овој проблем.

 

 

Според извештајот на ОН, веројатноста за глобално избувнување на катастрофални шумски пожари би можела да се зголеми за повеќе од 50 отсто до крајот на овој век.

Се вели дека средини за кои се веруваше дека се безбедни, вклучувајќи го и Арктикот, нема да бидат имуни.

Со зголемување на пожарите се соочуваат и тропските шуми во Индонезија, како и јужниот дел на Амазон.

Loading...

„Неконтролираните и разорни пожари стануваат очекуван дел од сезонските календари во многу делови од светот“, рече еден од авторите на извештајот, Ендрју Саливан.

 

 

Извештајот заклучува дека некои земји трошат премногу ресурси за гаснење пожари наместо за превенција.

Покрај глобалното затоплување, пожарите често се предизвикани од начини на користење на шумите како што се сеча или намерно палење пожари за чистење на теренот и користење како земјоделско земјиште.