Судир на два брода во Балтичко море, две лица исчезнати

Сподели со своите пријатели

Најмалку две лица се водат како исчезнати откако два теретни борда се судрија во Балтичкото Море во близина на брегот на Шведска.

По судирот се превртел товарен брод, јавува Би-Би-Си.

Најмалку две лица останаа во морето по утринскиот инцидент во кој учествуваа дански и британски товарен брод, соопшти Шведската поморска управа.

Од управата наведуваат дека од морето се слушале повици за помош, но засега никој не е пронајден.

„Многу е студено и темно. Во моментов температурата на водата е четири степени, а на воздухот шест степени Целзиусови“, изјавија за Би-Би-Си од Управата.