Студент откри череп од диносаурус стар 65 милиони години (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Вљубеник во диносауруси од мали нозе, Харисон Дјуран во текот на археолошка експедиција успеал да го оствари својот сон и да биде заслужен за откритие на череп од трицератопс, најпознатиот диносаурус од групата цератопсиди кој потекнува од периодот на горна креда од пред 65 милиони години.

Loading...

Откриени фосили од непознат вид летечки диносаурус (ВИДЕО)

Студентот по биологија при Универзитетот во Калифорнија, Харисон Дјуран учествувал во експедицијата на палеонтолошкото ископување на професорот Мајкл Кјеланд, професор по биологија на државниот Универзитет „Мејвил“ од Северна Дакота, кој ја предводел непрофитната организација „Фосилен багер“ специјализиран за ваков вид на истражувања.

Во Кина пронајдени јајца од Диносаурус стари 80 милиони години

Дјуран черепот го пронашол во областа Хел Крик, на подрачјето познато по големите наоѓалишта на фосили од периодот на креда. Трицератопс, инаку бил див меѓу своите сродници. На главата имал три рогови по што и го добил името „Тророг“.

Черепот на диносаурус, кој Кјеланд и Дјуран го нарекле „Елис“, ќе биде подготвен за изложа по конзерваторските работи. Среќниот пронаоѓач сакал модел на черепот да биде изложен и на неговиот факултет, каде наскоро ги завршува своите студии по биологија.

Пронајден нов вид диносаурус: Живеел пред 150 милиони години, а бил висок 10 метри

Пресреќниот студент тврди дека бил фасциниран од овие суштества од изгубени светови, откако знае за себе. Уште како студент кога бил прв година на факултетот по биологија започнал да посетува курс по историја за диносаоруси.

Loading...

Дјуран планира да ги продоложи докторските студии по биологија и да учествува на експедициите на својот ментор, професорот Кјеланд. Желбата му е нивната мисија да ја крене свеста во јавноста за значењето на палеонтологијата и значењето за чувањето на палеонтолошките откритија.

Leave a Reply