Во Кина пронајдени јајца од Диносаурус стари 80 милиони години

Сподели со своите пријатели

Фосилизирани јајца од диносаурус стари 80 милиони години пронајдени се во кинеската провинција Џеџанг.

Службеното гласило на Комунистичката партија на Кина „Глобал тајмс“ пренесе дека археолозите пронашле 15 фосили во местото Гуанинтанг, близу градот Јиви.

Истиот извор јавува дека неколку јајца биле пронајдено поединечно, а некои и во групи. Сите се доставени на експертскиот тим на Градскиот музеј поради натамошни анализи.

Loading...

Претставник на музејот Зејианг и историчар Ду Тианминг, рекол дека прелиминарните анализи откриваат дека се работи за фосили стари 80 милиони години.

– Се работи за ретко видено археолошко откритие кое е значајно за идните научни и истражувачки проекти, рекол Ду.

Во истиот археолошки парк во селото и претходно биле пронајдени траги од диносаурус.

Најстарите фосили од тој изумрен виде се пронајдени во провинцијата Хебеи и се стари 130 милиони години.

Leave a Reply