Столтенберг: Улогата на НАТО е да ја поддржи Украина

Сподели со своите пријатели

Останува на Украина да одлучи кои услови се прифатливи за неа за преговори за завршување на војната што Русија ја води против таа земја, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и порача дека улогата на НАТО е да го поддржи официјален Киев.

Loading...

„Останува на Украина да одлучи кои услови се прифатливи за неа, а наше е да ги поддржиме“, рече тој на заедничката прес-конференција со членовите на холандската влада во Хаг, пренесува Ројтерс.

Столтенберг предупреди дека Русија не треба да се потценува.

„Тие сè уште контролираат големи делови од Украина. Она што треба да го направиме е да ја зајакнеме Украина“, заклучи Столтенберг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.