Столтенберг: Шолц, нема повеќе изговори, испратете ги Леопардите веднаш

Сподели со своите пријатели

Западните министри за одбрана денеска се состануваат во воздухопловната база Рамштајн во Германија за да договорат воена помош за Украина поради тековните несогласувања околу тоа кој ќе ги обезбеди борбените тенкови за кои украинските лидери велат дека им се потребни за да ја вратат територијата од Русија.

Loading...

По повод средбата говореше и Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО.

Клучна средба денеска во Рамштајн

– Мора да и дадеме на Украина сè што ѝ е потребно за да победи во оваа војна. Тоа значи засилена воздушна одбрана, муниција со подолг дострел за цел на руската команда и контрола и тенкови, многу тенкови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку осум загинати, 25 ранети во руски напад на Украина

Германија мора конечно да се засили. Канцелар Шолц – нема повеќе оправдувања, испратете ги леопардите веднаш“, и порача Столтенберг на германската канцеларка.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.