Столтенберг: Русија започнува голема офанзива напролет

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека Алијансата стравува дека конфликтот во Украина ќе ескалира на пролет.

Loading...

Русија сега се обидува да го „замрзне“ конфликтот, пред да започне поголема офанзива на пролет“, рече Столтенберг преку видео врска на конференцијата за нови геополитички и економски стратегии организирана од британскиот весник „Фајненшл тајмс“.

Столтенберг рече дека сојузниците од НАТО мора да продолжат да испраќаат помош за Украина, бидејќи конфликтот, кој се очекува да влезе во помирна фаза во текот на зимата, ќе продолжи и во текот на пролетта, пренесува „Фајненшл тајмс“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови чистки во Кремљ: Падна еден од најбогатите соработници на Путин

Условите за дипломатско решение сега не постојат. Ако сакаме мирно решение, мора да продолжиме да даваме воена поддршка на Украина“, рече Столтенберг, додавајќи дека Русија не покажала желба за мирен крај на конфликтот.

За време на своето излагање, Столтенберг нагласи дека евентуалната „победа на Русија ќе предизвика сериозни последици за алијансата и ќе го направи НАТО поранлив.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.