Столтенберг: Потценувањето на Русија и Путин е опасно

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека би било опасно да се потценат Русија и амбициите на претседателот Владимир Путин се додека војната во Украина продолжува.

Loading...

„Тие покажаа голема волја да толерираат загуби и страдања“, рече Столтенберг на деловна конференција во Норвешка, пренесе Ројтерс.

Како што рече, нема индиции дека претседателот Путин ги променил своите планови и цели во Украина.

„Затоа, опасно е да се потценува Русија“, посочи тој.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се урна бомбардер во Русија (ВИДЕО)