СТО: Земјите сè повеќе го ограничуваат извозот на храна

Сподели со своите пријатели

Земјите ширум светот ги ублажуваат регулативите за увоз и го ограничуваат извозот, особено на храна и ѓубрива, предупреди Светската трговска организација (СТО).

Loading...

Во 12-те месеци до средината на октомври, членките на СТО воведоа повеќе мерки за унапредување на трговијата отколку ограничувања, утврди СТО.

Најголем број мерки за унапредување на трговијата се воведени месечно од 2012 година, според пресметките на СТО.

Кризата со снабдување со храна

Сепак, со овие мерки, земјите најмногу го поттикнуваа увозот, а најмногу го ограничуваа извозот, предупредува СТО, заклучувајќи дека извозните ограничувања ги надминале ограничувањата на увозот за прв пат од 2009 година, кога почнале да ги следат податоците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Канаѓанец починал на одмор во Куба. На семејството му испратиле погрешно тело

„Членките ја зголемија примената на нови ограничувања на трговијата, особено на извозот, прво во контекст на пандемијата, а од неодамна и во контекст на војната во Украина и кризата во снабдувањето со храна“, рече шефот на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала.

Во такви услови, земјите првенствено го ограничија извозот на храна, утврди СТО.

Во сила се 57 мерки за извоз на прехранбени производи

„Од 78 мерки за ограничување на извозот на прехранбени производи, добиточна храна и ѓубрива, воведени од почетокот на војната (во Украина) на крајот на февруари, 57 од нив се сè уште во сила, што одговара на приближно 56,6 милијарди долари во трговијата“ изјави генералниот директор на СТО, Нгози Оконџо – Ивеала.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Наставниците во Тенеси ќе можат да носат оружје на училиште

„Од средината на октомври бројките се зголемени, што треба да нѐ загрижува“, предупреди таа.

Loading...

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.