Стан и кровна конструкција на ресторан изгореа во пожар во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите на Територијалната противпожарна единица во изминатото деноноќие имале полни раце работа, а меѓу интервенциите на кои одговориле биле опожарен стан и кровна конструкција на ресторан.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, кровна конструкција на тесторан изгорела во населбата Гоце Делчев. Пожарникарите интервенирале во период од 08:40 до 09:20 часот со едно противпожарно возило и четворица пожарникари.

Во истата населба, неколку часа подоцна пожар зафатил еден стан. Четворица пожарникари интервенирале во период од 11:25 до 11:50 часот.

Сува трева горела во атарот на селото Долно Јачинце. Таму интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно возило во период од 17:40 до 21:55 часот.

Во месноста Амбар маало вчера гореле бали слама, а четворица пожарникари го гаснеле огнот во период од 21:05 до 00:10 часот.

Пожарникарите интервенирале и на гаснење на запален смет во селото Пчиња доцна синоќа во период од 23:15 до 01:10 часот.

Никола Ивановски