Средствата од Осмооктомвриската награда донирани за талентирани ученици од Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Добитничката на годинашното највисоко општинско признание на Крива Паланка, проф. Д-р. Анета Стефановска, биокибернетичар, научник на универзитетот во Ланкастер, Велика Британија, ги донираше добиените финансиски средства за поддршка на талентирани ученици од градот.

Loading...

Стефановска е по потекло од Крива Паланка, докторант на универзитетите во Љубљана и Штутгарт, пионер во многу научни области, со визија да помогне за поддршка на млади ученици-таленти од нејзиниот роден град.

Средствата во висина од 20.000 денари, таа ги донира како финансиски стимул на четири талентирани ученици од основното општинско училиште „Илинден“ од Крива Паланка.

Големината на човекот е во неговите дела. Направи добро дело, а остана скромна како и секогаш што била, тоа е нашата Анета СтефановскаПризнанието што го доби ќе го краси нејзиниот дом, а паричната награда со љубов ја донира на четири наши ученици, сите одлични, пред се добри математичари, со освоени многу награди на општински, регионални и државни натпревари. Тоа се Мила Стојановска,шесто одделение, седмооделенката Матеја СтефановскаМарија Цветановска од осмо и Филип Анѓеловски од деветто одделение. Овие ученици од срце и се заблагодаруваат на професорката Стефановска, а искрена благодарност и од нивните родители, изјави директорката на ООУ „Илинден“ , Марица Николовска.

Од нејзино име, како директор на училиштето и долгогодишна другарка на професор Анетаво име на наставниците и вработените од училиштето упати јавна благодарност до неа.

Анета Стефановска е иницијатор за формирање фонд за поддршка на млади таленти од градот што ќе се реализира преку Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“. 

Ирена Белешковска, Крива Паланка

Leave a Reply