Средношколка од Куманово со остар предмет нанела повреди на соученик

Сподели со своите пријатели

Кумановец со повреди од остар предмет вчера завршил во болница, а потоа било утврдено дека повредите му ги нанела ученичка во средно училиште.

Loading...

Двете лица биле малолетни.

– На 17.11.2021 во 16.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во болницата во Куманово со повреди од остар предмет бил однесен малолетник од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по преземени мерки било утврдено дека тој бил повреден во средно училиште од малолетна ученичка во училиштето. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски