Средбата Путин-Зеленски се уште не е можна

Сподели со своите пријатели

Сѐ уште не е можна средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски, а предлогот на турскиот претседател Таип Ердоган да се организира нивна средба се уште важи, изјави денеска советник на турскиот претседател.

Loading...

„Предлогот на нашиот претседател сѐ уште е на маса“, изјави главниот советник на Ердоган Ибрахим Кан за турската телевизија.

Меѓутоа, како што рече, по одлуката на Москва за одржување референдуми во ДНР, ЛНР, дел од Запорожје и Херсон, Путин на оваа можност (за разговори) гледал негативно, а украинската страна изјавила дека „нема да преговараат до анексијата е откажана“ јави Танјуг.

„Турција е единствената земја која прави напори за мирно решение во Украина“, рече Калин, заклучувајќи дека конфликтите во таа земја ќе продолжат.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.